23. новембра 2020.

RADIOAMATERSKI INFORMATOR

PRIJATAN BORAVAK ŽELI VAM ADMINISTRACIJA SAJTA

ОН ЛАЈН НАСТАВА ЗА СИТЕ УЧЕНИЦИ

Една битна работа околу онлајн наставата од октоври: истата да биде организирана како пандан на физичка настава, со следење на часови во реално време, по распоред, само наместо од училница истата децата да ја следат од дома, со можност за интеракција со наставник/професор.
Ова треба да се нагласи при барањата за онлајн настава од септември, и подготовките да бидат во таа насока, за да не се изгуби квалитетот на наставата.
Во спротивно, ќе се соочиме повторно со импровизација на т.н. онлајн настава, какво што беше впрочем и искуството од април до јуни, кога училиштата беа затекнати од состојбата. Но затоа сега би требало да може да се настапи поорганизирано.
Да не се сватиме погрешно, но мислам дека малце претеравме. Одлично што има иницијатива да се помогне и да се овозможи и за тие што немаат, но мислам дека се повеќе читам коментари кај што го уредуваме времето на наставниците, од колку до колку да се часовите, го уредуваме правото на сите. Значи сум за online опција, но треба да се даде право и можност и на оние кои немаат услови за таква настава.
Дополнително ако имате 3 дечиња дома (еве и 2 нека се) кажете ми како во исто време ќе ги приклучите да следат настава од 8 до 12 или во колку и да им завршуваат часовите? Дали сите имат доволно простор (одделна соба)? Дали сите имат доволно компјутери? Дали нема родители кои во исто време работат од дома? Дали нема дечиња што немат ни струја, а не интернет и компјутер? Каде се дечињата со попреченост и посебни потреби? Каде се останатите членови на семејството, помали братчиња/сестрички, бебиња?
Значи треба да се опфатат сите и да се овозможи безбедна настава за сите, и соодветен распоред за да може соодветно да се следи. И да се даде разумно право на избор.
Секој кој што е во можност и има услови да е online да му се даде право, секој што не е во можност да му се обезбедат услови и да се дадат на располагање училниците на овие дечиња (или било кои други простории) каде ќе може безбедно да следат настава и да бидат згрижени. Можеби и некој телевизиски канал со распоред за часови за сите деца…
Некако се поделивме на за и против и само како што ни одговара нас и толку… И гласаме, прегласуваме, 101-на анкета се направи.
И да за жал има луѓе кои навистина навистина бираат помегу гола егзистенција и да го пуштат детето на училиште – затоа што немаат избор! Ќе немаат со што да му купат леб! (овде не зборувам за оние кои од било која причина не веруваат дека вирусот постои, го израмнуваат училиштето со парковите, или веруваат во како им е пишано). На крајот оние кои треба да го решат овој проблем само ќе ја префрлат топката на нас и ќе ги искористат бројките или анкетите или статистиките кои што сакат да ги искористат во нивна полза, без детално и темелно да го разгледат проблемот и да ги земат сите во предвид.
Сите деца се деца! Сите заслужуваат исто право и безбедно школство. Сите треба да се пред се згрижени и здрави.Примарно е обучен наставен кадар со специјални курсеви лиценци. Би сакал да се пријави наставник од прво до осмо одделение и да признае со какви проблеми и тешкотии се среќавале во изминатите 3-4 месеци. Напоменувам истиот треба дома да има интернет, компјутер и печатач и по Секундарно.. обучен семеен кадар. Би сакал да се пријави мајка татко брат сестра и да признаат со какви проблеми и тешкотии се среќавале во изминатите 3-4 месеци. Напоменувам семејството треба дома да има интернет, компјутер и печатач и родител поред детето и по можност посебна соба.
Трето… Родителите одат на работа. Работа е она местото каде што мора секој човек да оди и да работи за да заработи за да се прехрани и преживее. Значи детето ке остане само дома. Знаете дека во Канада има закон со кој е забрането дете помало од 12 година да биде само дома. Говориме за деца од 6, 7, 8, 9, 10 години, кој со случајно притискање на маусот може да се одконектира од наставата..

На пример во Конопиште додека таткото ја ора нивата, детето ќе излезе на прозор и ќе вика “Татоооо што да стиснам“?
Четврто… Скопје Битола Велес Охрид и да не редам е едно, а Пирок, Белчишта, Велебрдо, Кондово и да не редам е нешто сосема друго.. Секој наставник и ученик треба да има стабилен интернет комјутер и печатач… Во превод Македонија реално нема услови за подеднаква онлајн настава.
Петто. Ако нема онлајн настава, и одат во училиште, за еден месец скоро сите деца ќе се заразат, и заразата ќе ја пренесат на домашните, или во превод хроничните болни не знаеме дали ќе го дочекаат декември.Имаме класичен ќорсокак. Поентата е: Одложувањето на школувањето е помалку страшно од смртта. Значи треба да се одложи годината, и за време на истата комплетно да се промени и ревидира програмата, за која сите знаеме дека е катастрофа, како и подготовка на наставниот кадар за кој исто така знаеме дека е тешка катастрофа…
И пак ке повторам: РОДИТЕЛИТЕ МОРА ДА ОДАТ НА РАБОТА. Нема кој да да седи поред децата…А ги прашува ли некој наставниците како им е? Дали ќе им даваат средства за дезинфекција, маски, ракавици или сами ќе си купат, што ако некој од нив заболи? Дали има услови ако се почне со настава со присуство, да држат настава, предавањето не е лесна работа, или ќе биде мачење и за нив и за учениците…