26. октобра 2020.

RADIOAMATERSKI INFORMATOR

PRIJATAN BORAVAK ŽELI VAM ADMINISTRACIJA SAJTA

Правилникот РМЗО

Членови на РМЗО – волонтери
Членови во РМЗО се лица од различни образовни профили кои се занимаваат со радиотехника
од лични побуди, доброволно и без паричен надомест, а притоа тоа не им е професија. По основ на
положен испит и диплома, добиваат овластување – дозвола од Агенцијата за Електронски
Комуникации (АЕК) за користење на радио фрекфенции во аматерска служба. Членовите на РМЗО се
радиоаматери, кои со посебна обука и тренинг се специјализирани за активност во РМЗО.
Во нормални секојдневни услови, радиоаматерските активности опфаќаат остварување на
меѓусебна комуникација на локално ниво или комуникација со радиоаматери од други земји на
глобално ниво. Радиоаматерите се занимаваат со конструкторство и можат сами да конструираат
комуникациска опрема. Вршат технички истражувања и мерења. Радиоаматерите функционираат на
индивидуална основа или се здружуваат во здруженијата на радиоаматерските клубови и
радиоаматери.
Членовите на РМЗО – волонтери, се со различно ниво на спремност и искуство. Заеднички особености кои ги имаат сите членови на РМЗО, се желбата да помогнат без било каква лична добивка и надокнада, способност да работат како дел од тим и што можат без проблем да добиваат
5 инструкции и наредби од лица од службите кои ги координираат активностите. Членовите на РМЗО треба да рамислуваат и реагираат брзо, во стресни ситуации и под притисок на итност.
Никој неможе да помогне на другите, доколку предходно не ги згрижи своите сакани.
Фамилијата и нивната сигурност се секогаш приоритет на членовите на РМЗО. Адекватни персонални
и фамилијарни подготовки ќе овозможат волонтерот да ја има ситуацијата под контрола што
поскоро, како би можел да биде на ниво на задачата која треба да ја превземе.
Во вондредна ситуација, волонтерот треба да земе својата опрема за вондредни ситуации и да
започне со мониторирање на фрекфенциите за вондредни услови. Потребно е волонтерот да оствари
контакт со локалниот координатор за понатамошни инструкции или да се упати на предходно
зададена локација за да ја извршува зацртаната улога, а во зависност од потребите на службите и во
зависност од видот на вондредна состојба, предвидени со планот за радиокомуникации во
вондредни услови.
Што не е и што не треба да прави волонтерот во РМЗО:
− РМЗО волонтерите не се тим за итни интервенции и брзо распоредување. Обично
волонтерот нема да биде прв на местото на настанот и од таа причина не му се
потребни ниту ротациони светла, ниту значки со посебни привилегии.
− при недостаток на кадар на службите со кои соработува РМЗО, волонтерот неможе да
излезе во пресрет со пополнување на празното место. Во најголем број на случаеви
волонтерот не е со соодветен тренинг, па да пристапи во улога на доктор, болничар,пожарникар, кувар или сообраќаен полицаец.
− волонтерот нема да се поставува себеси во командна улога и да поставува барања на
службите. На барање на службите, ќе одговори на најдобар можен начин, за да ја пренесе информацијата.
− во случај на преоптовареност и хаос на фрекфенцијата, нема да се поставува во улога на “полицаец” за да ја смирува ситуацијата. Со тоа ќе предизвика дополнителна збрка.
Основна опрема за член на РМЗО – волонтер
Основната опрема на волонтерот е обично негова лична, која ја става во функција за повисоки цели. Од лична опрема волонтерот поседува:
• од примарно значење:
− рачна примопредавателна радиостаница за 2м банд (или дуалбанд 2м и 70цм)
− дополнителна/резервна батерија.
− магнетна или некој друг вид на надворешна антена за 2м банд.
− коаксијален кабел со соодветен конектор.
− листови хартија и пенкало за водење дневник на пораки.
− РМЗО беџ за идентификација.
− соодветна гардероба според временските услови.
− храна и вода.
• од секундарно значење:
− примопредавателна ssb/cw краткобранова радиостаница (задолжително 80м банд)
− жичана NVIS антена (дипол или сл.) за 80м банд.
− преносен извор на напојување 13,8V (литиумски или NiMH батерии, оловен
акумулатор или слично)
− портабл антенска кутија
− фиберглас телескопски стап и помошни средства за подигање антена
− коаксијален кабел со соодветен конектор.
6
Дополнителна опрема за продолжен престој до 3 дена
Во случаи на претпоставен подолг престој на отворено, потребно е волонтерот да си обезбеди:
− соодветна гардероба според временските услови, за 3 дена.
− шатор или друг вид на засолниште
− храна и вода за 3 дена
− кутија за прва помош и средства против болка
− доколку користи некави лекарства, да си понесе резерва
− батериска ламба и свеќи
− запалка или кибрит
− дополнителни батерии и уред за полнење на батерии (по можност соларен)
Опрема за РМЗО која ја обезбедуваат здруженијата на радиоаматерските клубови и радиоаматери
Во зависност од планот за радиокомуникации во вондредни услови, опремата која ја обезбедуваат здруженијата на радиоаматерските клубови и радиоаматери може да биде:
− опрема за укт – трансивери, преносни репетитори, коаксијални кабли, соодветни
конектори и адаптери, вертикални антени (пример наједноставна јот антена), SWR
метари, извори за напојување-генератори на фосилни горива или соларни панели со
акумулатори…
− опрема за кт – ssb/cw трансивери, коаксијални кабли со соодветни конектори и
адаптери, антенски кутии, SWR метари, парчиња жица без одредена должина ама
најмалку 20м или жичани антени (пр. дипол) за соодветен фрекфенциски опсези
според планот за радиокомуникации во вондредни услови, извори за напојување –
генератори на фосилни горива или соларни панели со акумулатори…
− преносни столбови за поставување на антени (пример фибер телескопски стап)
− Леткуми, калај, основни резервни делови според план.
− Опрема за кампување
− Храна и вода за подолг временски период
− друго…
Управна станица
Управната станица раководи со активностите на радиоаматерите членови на РМЗО и е
основната врска во системот за комуникација со државните или невладините служби. Управната
станица има централно значење во РМЗО и преку нејзе се поврзуваат останатите членови на РМЗО.
Управни станици може да се постават на локално, регионално или национално ниво. Управна
7
станица се поставува во или непосредно до координативниот штаб на службите кои менаџираат со вондредната ситуација.
Координацијата на управната станица без исклучок ја води соодветниот координатор на
здружението на радиоаматерските клубови и радиоаматери кое има потпишан документ за
соработка со соодветните служби кои побарале активирање на РМЗО, но координацијата може да
биде превземена хиерархиски. Пример со управна станица на локално ниво, може да координира и
некој од останатите национални координатори од другите здруженија на радиоаматерските клубови
и радиоаматери. Во случај на отсаство на соодветниот координатор на здружението на
радиоаматерските клубови и радиоаматери кое има потпишан документ за соработка со
соодветните служби кои побарале активирање на РМЗО, до неговото пристигање, работата на
управната станица ја води било кој член на РМЗО кој прв пристига и ја поставува управната станица.
Фрекфенции во вондредни услови
Согласно одредбите на IARU region 1, на територијата на Република Северна Македонија,фрекфенции кои се користат во вондредни услови за симплексни врски се следните:
− 3760 MHz
− 7110 MHz
− 14300 MHz
− 18160 MHz
− 21360 MHz
− 145500 MHz
− 433500 MHz
Покрај горенаведените примарни фрекфенции, се утврдуваат и резервни фрекфенции. Овие фрекфенции би можеле да се користат во услови на преоптеретеност на примарните фрекфенции,QRM итн. Резервни фрекфенции кои се користат во вондредни услови за симплексни врски се следните:
− 3632 MHz
− 7132 MHz
− 145550 MHz
− 433550 MHz
Активности во РМЗО
Секој радиоаматер може да иницира активирање на РМЗО, согласно настанатите вонредни околности, актуелните потреби, согласно нивните технички можности и расположивото слободно време. РМЗО се активира и на барање на соодветните служби кои имаат потреба од мрежата.
Покрај во вондредни услови, РМЗО може да се активира во нормални услови заради вежбовни активности или превентивно во ситуации кога телекомуникациски системи сеуште функционираат.
Во така активираната РМЗО прибирањето и пренесувањето на информации го превземаат членовите на РМЗО.
При активирање и повикување преку РМЗО, задолжително се користи повикот “Општ повик за радио мрежа за опасност овде (повикувачки знак), …”
При активирање и повикување преку РМЗО при вежбовни активности, задолжително се
користи повикот “ОВА Е ВЕЖБА. Општ повик за радио мрежа за опасност овде (повикувачки знак),… ОВА Е ВЕЖБА.”
8
Со оглед на застапеноста на опрема и бројот на радиоаматери кои би можеле да ја користат
мрежата, примарно значење на локално ниво, се става на УКБ врските, како репетиторски така и
симплексни.Со оглед на релјефот на територијата на РСМ, веројатноста за недостапност на репетиторската мрежа, на регионално и национално ниво од примарно значење се краткобрановите врски на 80м или 40м, во зависнот од пропагациските услови.Управната станица на локално ниво, задолжително користи и кб и укб врски.
• УКБ врски
Врските на укб се воспоставуваат со FM тип на модулација.
Во услови кога репетиторската мрежа е во функција, РМЗО се воспоставува преку репетиторите
и соодветните фрекфенции. При недостапност на репетиторска мрежа, врските се остваруваат преку
симплексните фрекфенции (примарни/резервни) и тоа на 145500/145550 MHz. По предходен
договор, доколку диктираат условите, можна е употреба и на 433500/433550 MHz.
При недостапност на репетиторската мрежа, по воспоставувањето на РМЗО на локално ниво преку симплексни врски, потребно е поставување на привремен/преносен репетитор.
Привремениот/преносен репетитор се поставува на фрекфенција на репетиторот кој го покривал подрачјето, а во моментот е недостапен или неможе да се стави во функција.
Ваков репетитор може да биде и од наједноставен тип на две рачни радио станици кои се поврзани со контролер и две антени
кои се поставуваат на вертикално растојание од 1-5м. Оваков репетитор се поставува со цел прибирање и доставување пораки
и информации во зафатено подрачје, а за радиоаматери кои не се опремени со КБ уреди.
• КБ врски
Врските на кб се од особено значење за РМЗО и се користат за директна комуникација помеѓу станици или за посредна комуникација и пренос на информации од укб мрежата на
пошироко подрачје или цела територија на Република Северна Македонија.
Кб врските се воспоставуваат со SSB тип на модулација. При неповолни пропагациски услови,
можна е употреба на CW тип на модулација или со предходен договор некој од дигиталните модови
за слаби сигнали (бара дополнителна опрема).
КБ врските на територијата на државата се остваруваат на 80м и тоа на фрекфенците
(примарни/резервни) 3760MHz / 3632MHz При одредени пропагациски услови, кб врските на
територијата на државата можат да се остваруваат и на 40м и тоа на фрекфенците
(примарни/резервни) 7110MHz / 7132MHz
За покривање со сигнал на териоторијата на државата, се користат NVIS антени кои имаат ертикало зрачење.
Доколку пропагациските услови дозволуваат, кога треба да се пренесе информација на
глобално ниво, се користат фрекфенциите 14300 MHz, 18160 MHz и 21360 MHz.
Видови на мрежи во рамки на РМЗО
• Тактичка мрежа 9
Тактичката мрежа е основниот тип на мрежа во рамките на РМЗО. Преку оваа мрежа се
собираат и проследуваат пораките и информациите од местото на настанот. Вообичаено со овој тип
на мрежа се пренесуваат сите потребни информации. Тактичката мрежа се активира на примарните
фрекфенции. Во случај на неможност на користење на примарните фрекфенции, тактичката мрежа се
активира на резервните фрекфенции. Секогаш кога вондредната околност е од помали размери и
побарува помал сообраќај, сите активности на РМЗО се одвиваат преку тактичката мрежа.
• Командно-ресурсна мрежа
Во случаеви кога настанатите вонредни околности односно актуелните потреби се во големи размери и тактичката мрежа е во голема мера преоптоварена, се јавува потреба од командноресурсна мрежа. Овој тип на мрежа овозможува на координаторите директна комуникација со членовите на мрежата, а со цел давање наредби и распределба на потребните ресурси, а притоа да не се наруши линијата на пренос на пораки и информации преку тактичката мрежа. Фрекфенцијарезервирана за командно-ресурсна мрежа по правило е резервната фрекфенција. Во случај нанеможност за користење на резервна фрекфенција, управната станица ја одредува фрекфенцијата за
користење. Во ваков случај, во повеќе наврати, преку тактичката мрежа се објавува ново одреденатафрекфенција.
• Директивна (формална) мрежа
Ова е посебен тип на мрежа која се активира по барање на институциите. Во активностите на
директивната мрежа активностите учествуваат само за тоа одредени членови на РМЗО кои ги
определува управната станица. Притоа не е дозволен пристап на останатите членови на РМЗО, освен
во случај кога тоа изричито ќе го побара управната станица. Преку директивната мрежа се
пренесуваат формални (форматирани) пораки од и за институциите. Доколку се појави потреба
директивната мрежа може да се активира за опслужување на само една институција. Пример
директивната мрежа за МВР, директивната мрежа за МО, директивната мрежа за интните
здравствени служби, директивната мрежа за противпожарните служби и слично. Во таков случај се
формираат онолку мрежи колку е потребно т.е во зависност од бројот на расположливи ресурси.
Директивната мрежа користи фрекфенции кои ги одредува управната станица.
Видови на пораки кои се пренесуваат во рамки на РМЗО
Пораките кои се пренесуваат преку РМЗО можат да бидат неформални и формални.
• формални пораки
Формалните пораки се пишани пораки со посебен формат. Формалните пораки ги пренесуваат
членовите на РМЗО при посредување за трети лица или институциите. Праќачот ја запишува својата
порака на стандардизирана форма, која понатаму се проследува. На крај од ланецот примачот ја
добива пораката исто така на стандардизирана форма. На овој начин се добива прецизност при
преносот на пораките, а истовремено за пораката останува пишан запис, на кој понатаму по потреба
може лесно да му се влезе во траг.
Компоненти на стандардизираната форма:
10
• преамбула:
содржи реден број, датум и време на праќање, категорија на итност и заглавје на пораката.
• адреса:
содржи име, адреса и телефонски број на примачот на пораката. Кога примачот е припадник на
некоја од институциите, се внесува и положбата која ја има во таа институција.
• текст:содржи максимално 25 зборови кои се запишуваат во 5 реда. Секој ред содржи по 5 зборови.
• потпис содржи име, адреса и телефонски број на праќачот на пораката. Кога праќачот е припадник на некојаод институциите, се внесува и положбата која ја има во таа институција.
• неформални пораки
Неформалните пораки се изговорени пораки без посебен формат. Бидејќи итноста е од пресудно значење, во најголемиот дел од комуникацијата, пораките кои се пренесуваат во вондредни услови се неформални. Се користат при пренесување на едноставни, кратки пораки, како и во случаеви на голема итност. Пример, во случај да е итно потребно амбулатно возило на одредена локација за згрижување на жртви со животозагрозувачки повреди, нема време за запишување на формална порака. Исто така неформална порака е комуникацијата со управната станица и давање на општи информации од одредена локација, како и во сите случаи кога пораката оди директно помеѓу
членовите на РМЗО и управната станица.
Операторски правила при користење на РМЗО
• минимална снага
Од причина што не е познато времетрањето на потребата од мрежата, а со цел максимална заштеда на енергијата на батериите и алтернативните извори, секогаш се употребува минималната снага која е потребна за реализирање на радио врската.
• минимално емитување
Времето на емитување мора да се сведе на минимум. Пораките кои се пренесуваат треба да бидат колку е можно пократки и концизни. Доколку не сте повикани од управната станица и доколку немате потреба, воздржете се од непотребни активации во мрежата. Волонтерот во вондредни ситуации, поголемиот дел од времето ќе го посвети на мониторирање на фрекфенцијата.
• без шпекулации
Фрекфенциите кои се користат за РМЗО се достапни за сите кои имаат приемник за тие фрекфенции.
Во даден момент на прием можат да бидат десетици, па и стотици слушатели, како радиоаматери,така и претставници на медиумите и пошироката јавност. Секоја шпекулативна информација може да створи непотребни и големи проблеми за професионалните служби при вршењето на нивната дејност. Членовите на РМЗО никогаш нема да претставуваат извор на гласини.
• хиерархија
Од пресудно значење за пренос на информации преку РМЗО е почитувањето на хиерархијата.
Управната станица ја има главната улога во мрежата. Волонтерите задолжително ги почитуваат инструкциите од управната станица. Учеството во РМЗО, волонтерите го извршуваат без коментари.
Давање свои видувања и мислења без тоа да е побарано, разговарање и дискусии помеѓу волонтерите, на фрекфенциите за РМЗО, не е дозволено