23. новембра 2020.

RADIOAMATERSKI INFORMATOR

PRIJATAN BORAVAK ŽELI VAM ADMINISTRACIJA SAJTA

СВЕДОШТВО ЗА ЛЕКУВАЊЕТО ОД КОВИД ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА (АУДИО)ПОСЛЕДНИОТ ЗДИВ НА ЧОВЕКА НЕ МУ СЕ ЗЕМА!(АУДИО)

„ ПОСЛЕДНИОТ ЗДИВ НА ЧОВЕКА НЕ МУ СЕ ЗЕМА! “, СВЕДОШТВО ЗА ЛЕКУВАЊЕТО ОД КОВИД ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА (АУДИО)

Науката нема одговор како да се справи со најголемиот непријател на човештвото, болеста која што го покори светот и во исто време го прекри со неизвесна иднина – Ковид 19. Сведоштвата од тие што го поминале патот до оздравувањето само го потврдуваат фактот дека секој случај е различен: во лекувањето, во пристапот на здравствениот систем, во начинот како  поединечно,  човекот го поминал патот со болеста, од веста дека тестот е позитивен до целосното закрепнување.

Која е вистинска приказна Моника Талеска, новинар и дир. на Градската библиотека Борка Талески Прилеп? Ја пренесуваме во целост, нејзиното искуство, за која што таа  вели дека „приказната  е тензична, пред се заради тоа што трае долго, особено што еден период е неизвесна, носи страв колку човек и да е храбар, пред болеста нема храброст, особено заради тоа што сме сите луѓе со одговорности.

Постои една поговорка: „на душманот да не му се случи“. Јас немам душмани и не чувствувам ниедна душа за непријателска, но поговорката мислам дека најдува овде најголема примена. Ниту една човечка душа да не ги помине траумите кои што ги носи и во одделни случаи ги предизвикува корона вирусот. Мислам дека науката и медицината сеуште немаат одговор која причината, на што се должи и зошто кај едни луѓе поминува лесно, а кај други луѓе дури и оние кои немаат хронични болести поминуваат тешко“. Следи аудио:

Како дојде до инфекцијата?

– Уште при појавата на првиот симптом, со оглед на тоа што моја колешка заболе и беше потврдено со тест дека веќе има развиен Ковид 19, веќе со појавата на првите симптоми, навидум безначајни болки во колената, во зглобовите, пристапив многу сериозно и знаев дека вирусот го напаѓа моето тело. При појавата на првите болки на пладне, па во следните 3 часа, целосна малаксалост почувствував, се упатив до матичниот лекар. Интересна беше реакцијата од замената на матичниот лекар која рече: „Што си се исплашила ништо не ти е?!“ Со оглед на тоа што првите резултати на крвта ДРБТ не покажуваше посебни промени ниту на крвната слика. Меѓутоа секој човек си го познава својот организам и знае кога е болен, а кога не е. Воопшто не се сомневав кога ги зедов  резултатите, не се сомневав дека ќе бидат позитивни. Почна вечерта со високи температури, 5 до 6 часа со високи температури 39,5 и траеше 2 дена максимално интензивно. Тоа е период во кој што луѓето кои што го поминале знаат: ЕДНОСТАВНО КАКО ДА НЕ СИ ПРИСУТЕН ВО СВЕТОТ! Како да си исклучен од реалноста, високата температура не се симнува без  оглед што земате, антипиретици, алкохол за масажа, нагон за повраќање. Немате енергија да станете, да се поместите, тоа е период кога се денови и часови поминати како во кошмар.

Какво е искуството за укажаната медицинска грижа во Инфективно?

– Благодарение на ќерка ми, отидовме во Инфективното одделение, каде што примив систем. Морам да кажам дека 4 дена бев во дневна болница, наутро и навечер примав системи, меѓутоа, се чекаше 4 часа за еден систем. Кога имате трески, високи температури, кога се наоѓате во исклучително тешка состојба, разочарувачки е таму каде што очекувате спас и решение за вашите маки, да чекате надвор, буквално надвор, на влезот од Инфективно одделение, каде што има пластични столици и циради поставени, каде е ладно, се смрзнувате двојно од студ и ги делите маките со другите граѓани околу вас, имате страшни трески и ЧЕКАТЕ 4 ЧАСА ДА ПРИМИТЕ СИСТЕМ.

Системот го примате, сестрите трчаат лево – десно, се обидуваат да воспостават ред во таа навала на луѓе. Често пати треба да помине половина час да ви ја извадат иглата, да го боцнат пациентот во стомак, доколку има промена во крвта, ако димерите се покачени. Генерално сликата е тешка. Мојата, искрено јас ја доживеав како многу морничава. Четири дена бев во дневна болница, температурите не паѓаа и преминав на болничко лекување.

Болничко лекување –„ штеди го кислородот, затоа што вечерва нема! “

– Разочарувачки ми беше моментот кога појдов на болничко лекување во истата вечер кога ќерка ми Климентина крена температура . Се почувствував навистина многу немоќно. Како родител е навистина претешко чувството кога го пренесувате несвесно вирусот и кога вашето дете добива температура вие не сте моќен ништо да направите. Меѓутоа, младите очигледно имаат многу подобар имунитет и многу полесно го поминуваат вирусот. И фала му на универзумот, на природата, на бога, се што е надвор од нашата моќ, што таа помина многу полесно, многу подобро, без последици. Иако, сликата што ја гледав на болница не беше таква. Нејзини врсници, едно младо момче, кое беше присутно додека примав системи со екстремни високи температури. И тогаш реагирате како родител, за секој пациент ви е жал, дури има моменти кога искрено не мислите на себе, туку на помладите, на децата  кои што идат и чекаат ред, граѓаните кои ги доживуваат траумите кои вие сте ги поминале.

Болничкото лекување е една поинаква приказна, искрено, уште потешка од дневната болница. Добро е тоа што сте хоспитализирани, па го чекате редот да дојде, за да ви стават систем. Инаку, морам да кажам дека на Инфективното одделение му треба една целосна реогранизација . Му треба огромна хигиена, почнувајќи од варосување на просториите, чистење на креветите, подовите, на ролетните… Во сите тие денови, јас не видов, да помина болничарка и да ги исчисти подовите. Ниту во дневната болница, ниту горе во одделението. Еднаш не забележав да помине некој болничар и да помине со некое средство за дезинфекција во Инфективното одделение каде што сите се борат за живот и каде што од март ние зборувавме постојано за високи мерки за хигиена. Во одделението не се спроведуваат такви мерки. Жал ми е што морам да го кажам ова, но така е. Има недостиг на персонал, недостиг од доктори, 4 доктори се обидуваат да ја контролираат целата ситуација, со оваа пеколна состојба. Луѓето не се за обвинување, 100 пациенти да прегледате во една смена, ми се чини дека е надвор од моќта на секој доктор. Колку и да сака да биде добар и одговорен, толку е максимумот, зашто и тој – докторот е човечка душа.

Во собата прво каде што бев сместена, хоспитализирана, имаше жена која се бореше двојно повеќе од  мене за здив, таа беше на кислородна поддршка. На жената присуството на кислород, сатурација, и беше околу 50. Се случуваше да нема боци со кислород, да дојде болничарот да и’ каже: „штеди го кислородот затоа што вечерва нема“. Јас искрено се чувствувам гневно говорејќи за оваа состојба, не за себе само, за луѓето кои доаѓаа да се лечат.

Во 21 век и да дојде некој да ви каже дека можеби за вас вечерва нема боца со кислород?!

Конкретно таа жена незнам каде живее, се вика Вера, требаше да чека 3 часа, да се смилува некој да и’ донесе боца и да ја приклучи боцата за да има здив, воздух.  Значи, секој треба да си ја носи одговорноста во време на пандемија. Не е воопшто важно дали граѓаните веруваат или не, луѓето немаат едукација. Секој има своја идеологија, ова е време екстремно политизирано, луѓето мислам дека се со целосно извртени ставови, дури и не се за обвинување. Но, медицинско лице да не верува дека станува збор за сериозни проблеми и плус медицинското лице да има одговорност во целата состојба, дали тоа не е за критика?! Такви лица не треба да постојат на одредени позиции! Значи не смее човек поставен на одредено место и да смета дека Ковид пандемијата – не е пандемија, и дека е обичен грип! Тој приватно може што сака да мисли, меѓутоа станува збор за човечки животи.

Многу беше невкусна сликата, имате температура примате системи како турист да сте, „во најубавиот дел на Рим“, па ви велат „сега пакувајте ги стварите, ќе ве носиме сега од Инфективно, на Интерно“, ама не ве носат, вие сами одите. На инвалидска количка си ги спакувавме ние сите стварите и ги туркаме количките, а нели секој од нас има воспаление на белите дробови, кој повеќе, кој помалку, јас среќа не бев во тие кои што имаа премногу. Имаше стравотно потешки состојби од мене, и ја носите количката и на Интерно се качувате горе. Па ве ставаат во соба со мажи. Нема дилема, и тие треба да имаат нега, и ти се луѓе, но кажете ми вие како човек, дали може во таква состојба да ги соблечите, да ја тргнете маицата, блузата, а пред вас да има жена?! Нели е тоа, во вакви состојби на трески во кои што сме се наоѓале, дополнително оптеретување за секој човек?!

galenika-post

„Лежите во болничкиот кревет и слушате – како вреќа се фрла телото на количка од соседната просторија, а  ДОТОГАШ ТОЈ ЧОВЕК МОЛЕЛ ЗА ЗДИВ!!!“

Стануваше збор за една целосна, ужасна неорганизација. УЖАСНА НЕОРГАНИЗАЦИЈА! Јас незнам кој беше виновен за тоа сето, но очигледно сите се виновни. Кога одите на преглед, кога ве носат, ве транспортираат и ви велат: „ајде сега!“, и како сега во зима, од март годинава не се знаеше дека има корона? И сега требаше во зима да ги транспортирате пациентите од Инфективно одделение во Интерно? Згора на тоа, ние имаме инфективно одделение пред градската болница, тоне и пропаѓа со години, претворена е во змијарник.

Па нели некој треба да понесе одговорност за таквите работи. Јас се извинувам што сум толку револтирана, но сум искрена, заради тоа што: ОВА НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ПОЛИТИКА, НЕ Е ВРЕМЕ ЗА СОБИРАЊЕ ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ, ТУКУ Е ВРЕМЕ ЗА СПАСУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИ ЖИВОТИ! Секој човек и секој доктор кој што ја прифатил функција треба да има одговорност, и не може некој да ми каже како што ми рекоа на болница: „Ајде госпожа смирете се!“. Нема да се смирам, затоа што сите години од мојот живот сум плаќала здравствени придонеси. Сум работела сама за 100 медиуми како што вие работите, да оддвојам, да си платам придонеси. Тие придонеси не сум ги искористила, сум ги давала во здравството. И кога сега ми требаат тие придонеси, не може никој да се однесува така, кој сака нека е тој!!!

Не е во ред, сега да се викаат медицински сестри од дома и да се учат нам да ни ставаат инјекции, да ни ги запушуваат вените. За тоа се прави подготовка во текот на целата година, а не сега. Сега се носат од дома медицински сестри, 20 години не работела, доаѓа и вели јас сум од денеска медицинска сестра. Како тоа? На кого се учат, на нас? Па ние не сме заморчиња!!! Ние сме човечки животи, ние сме жртви на една состојба, не знаеме зошто тоа се случи до ова ниво. Јас сум во луѓето кои секогаш носеле маски. Човек кој што секогаш обрнувал внимание на своето опкружување, на своите колеги, на работа… Од стартот сум внимавала, сум се залага да ги применуваме сите мерки. Дома, незнам колку пари за средства сум дала за штитење, за колегите, за сите… Но, ете, сум ја добила (инфекцијата). И со маска во затворен простор, и со маска и во кола, значи и така можело да се пренесе. Тоа не значи дека треба да бидеме оставени на случајност, ние не сме бројки, живи луѓе сме, сите дома имаме семејства. Ако нас од страна некој не не сака, и не треба да не сака! Ние сите имаме емотивни релации дома.

КОГА ТИЕ ШТО СЕ ОДГОВОРНИ ЌЕ СТАНАТ СВЕСНИ ДЕКА ЛУЃЕТО ШТО УМИРААТ ВО БОЛНИЦАТА СЕ ЧОВЕЧКИ СУДБИНИ ЗА КОИ ТРЕБА МНОГУ, МНОГУ, МНОГУ ПОГОЛЕМА ГРИЖА?!

Лежите во болничкиот кревет и слушате како вреќа се фрла телото на количка од соседната просторија. ДОТОГАШ ТОЈ ЧОВЕК МОЛЕЛ ЗА ЗДИВ!!!

Колку сакате бидете оптимист и јас сум оптимист во животот и секогаш сум била, и сум ги надминувала сите трауми во животот. Се’ со што сум се соочувала, се што носел животот на еден човек , кој помалку, кој повеќе, но не е сеедно кога слушате дека луѓето умираат!

Жена млада, 33-34 години , момче на 30 и некоја година, жена од Крушево на 40- 50 и некоја година, од секаде, од села, од незнам каде…Се затвораат семејства, ова е во најмала рака – војна …секој ден: 4 тела, 5 тела, тие се гробови, тие се болки и трауми на семејствата. Затоа велам дека треба одговорност.

Четири дена бевме оставени во Градската болница, морам да ви кажам и ниту еден инфектолог не се качи во болницата, да праша како сме?!

Четири дена ниту еден инфектолог не дојде кога не’ префрлија во Интерно! Идеше лекар анестезиолог, млад, идеа млади лекари се консултираа меѓу себе, разговараа: „да и’ дадеме ова на оваа, да и’ дадеме ова“. Ама не може тоа така, ние не сме заморчиња?! Значи ние сме луѓе и живи сме. Нам ни требаат специјалисти. Ние бараме лекување, адекватно и соодветно. Јас бев испуштена од болница, началничката на одделението, рече: „сигурно вирусот го нема“, се покажа еве дека и по два дена дека сум сеуште сум позитивна! Од болница (по правило) се пушта пациент со два негативни теста. И секое лекување од Ковид е бесплатно, не треба денар да платиме никаде, ние плаќаме бидејќи сме принудени да се грижиме за своето здравје. Многу сум револтирана и поради ваквите состојби, заради тоа што сеуште слушам дека луѓето боледуваат и масовно се разболуваат.

ЗНАЧИ ВО БОЛНИЦАТА ВО ПРИЛЕП НЕОПХОДНА Е ОГРОМНА РЕОРГАНИЗАЦИЈА  И ФИРМИТЕ ВО ПРИЛЕП ГИ ПОВИКУВАМ СИТЕ КОИ ШТО ИМААТ МОЖНОСТ – НЕКА ПОМОГНАТ ДА СЕ ХУМАНИЗИРА МАЛКУ ВЛЕЗОТ НА ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ.

КОЈ Е ВИНОВЕН?!

Тремот што е заграден, нека стават од тие плинските греачи 3-4, смрзнуваат луѓето, доправа луѓето ќе се разболуваат. Од како пишав на Фејсбук, знаете колку луѓето ми пишуваат и ми бараат мислење, со оглед на тоа што јас сум транспарентна заради нашата професија. Има луѓе кои што многу потешко поминуваат. Знаете колку е тешко кога пациент и’ вели на сопругата и таа му вели „не зборувај да не те слушнат!“. Што треба да го слушнат, се бори за здив, за живот. Кој е виновен ако некој системот не му го ставил 3 – 4 часа, или ако не поминала сестрата 1 час, ако не му била извадена иглата?! Јас не велам дека сестрата е виновна, но некој е виновен! НЕКОЈ ТРЕБА ДА ИМА ОДГОВОРНОСТ – има недостиг од персонал, донесете персонал, а не да се учите на пациентите. Не сме ние заморчиња воздух во вените да ни ставаат. Р’шум рацете ни се направени. Не сме ние идиоти да одиме во тоалетите, до врвот на казанчето да има тоалетна хартија и на сите страни да има урина и фецес, НЕ МОЖЕ ТАКВА НЕ – ХИГИЕНА! Зборуваме за јавно здравство во Македонија во 21 век. Јас сум поранешна медицинска сестра, не сум работела, сум завршила , сум стажирала, болницата грееше и светеше!

И друго – се добиваат дополнителни инфекции. Јас се вратив од таму со дополнителна инфекција и сум сигурна дека не сум само јас. За здравје зборуваме, во здравјето не смее да се меша политика и не смее ароганција да се меша. АРОГАНЦИЈАТА СЕКОЈ ДОМА НЕКА СИ ЈА ЧУВА!!! Ние се бориме за човечки животи и сечиј човечки живот е важен.

НЕ СЕ БАРААТ САМО ЧОВЕЧКИТЕ ЖИВОТИ САМО КОГА ИМА ИЗБОРИ, ЗА ГЛАС !!!!!!!

Сега ни се важни, ние сега треба да ги спасиме луѓето. Сега треба да се грижиме за нив. Претпоставувам дека градоначалникот од тие побуди одлучи да се вклучи во целата оваа приказна. Па уште при првата најава дека се вклучува градоначалникот, болницата се раздвижи. Па слушате коментари по ходниците: „ја нема оваа никогаш да се качи горе, па сега се качила горе да праша?!“. Значи по ваквите коментари, меѓу себе, по докторите, по сестрите, до зборувањето – доаѓате до вистината. Кочеле работите, сериозно кочеле работите… Зошто кочеле и како нека се преслушаат сите и нека се организираат. Сеуште не е доцна во Прилеп да се преземат мерки и ако веќе во болницата се прави и Очно и Ушно, јас не сум стручњак за пандемија, светот има стручњаци за пандемија и нека ангажираат луѓе. Нека викнат стручни лица, нека викнат менаџери за вакви услови и нека ги искористат соодветно ресурсите и квалитетот како што треба. Сестрите нека ги остават малку да се одморат и докторите нека ги изротираат од другите градови. Јас не сум стручна не знам. Јас само ја пренесувам сликата која што е стравотна и верувам дека со добра организација многу повеќе човечки животи ќе се спасат. И АПЕЛИРАМ – НИКОГАШ ДА НЕ СЕ СЛУЧИ ПОВЕЌЕ НА НЕКОЈ ПАЦИЕНТ ДА МУ СЕ КАЖЕ ДЕКА НЕМА БОЦА СО КИСЛОРОД. ТОА НЕ СМЕЕ ДА СЕ СЛУЧИ!!!

        ЗДИВОТ ПОСЛЕДЕН НА ЧОВЕК НЕ СЕ ЗЕМА, го заврши своето искрено сведоштво Моника Талеска, новинар со апел:

На крајот сакам да апелирам, сите граѓани кои се излекувале од корона вирусот, доколку чувствуваат сила, емоција, желба, ги поканувам, ги повикувам, апелирам, да се приклучат доброволно да се пријават во сета оваа ситуација да помогнат на медицинскиот персонал. Дури некогаш е потребно едно лице кое знае да отвора  и ги внесува податоците и  да ја забрза постапката во тие оддели, на Инфективно одделение. Да не треба да се чека време 2 – 3 дена само да ви се напише еден упат за земање крв. Значи многу млади има, многу граѓани, кои се силни и храбри и кои се органски здрави кои што може да помогнат во оваа ситуација волонтерски да се приклучат, само еден компјутер треба, да може  да ги отвораат упатите, да помогнат во организацијата за пренасочување на луѓето. Фирмите, да помогнат да се создадат малку похумани услови за луѓето додека чекаат, затоа што доаѓа зима, и мислам дека состојбата се влошува уште повеќе. Навистина жално е и за пациентите и за медицинските лица.