26. октобра 2020.

RADIOAMATERSKI INFORMATOR

PRIJATAN BORAVAK ŽELI VAM ADMINISTRACIJA SAJTA

УЧИТЕЛИ, УЧЕНИЦИ И УЧЕЊЕ

Да подучуваш некого значи и самиот да учиш. Тоа е најдобриот начин на учење. Затоа, пријатели – учители, да настојуваме предавањата да ни бидат интересни. Да се сетиме кога бевме ученици. Признавам, на некои часови не сум одел единствено од причина што предавачите биле досадни. Еден дел од наставниците не заслужуваат да се наречат учители. Некои се предавачи, а други само продавачи на информации, не на знаење. Ако сакаме да сме учители мораме постојано да сме подготвени да подаруваме, да даваме. Добро е и практично да ја познаваме материјата, што теориски ја предаваме. Знам дека тоа не е секогаш можно. Грешка на системот. На факултетите остануваат силни студенти, дипломираат, магистрираат, докторираат, стануваат предавачи, ги бираат во професори, пишуваат трудови, книги, а голем дел од нив никогаш, ама баш никогаш не ја доживеале во пракса материјата што ја предаваат. Затоа ќе си останат наставници, предавачи, професори, но највисокиот дострел – „Учител“ нема да го достигнат. Не треба да заборавиме, како учители, ние сме и воспитувачи, без разлика дали сме педагози или андрагози. Да внимаваме како се однесуваме, значи. Мора да сме пример. Тешка задача, но, затоа учител се станува од љубов кон луѓето, а не од корист. Од учителствување богаташ во финансиска смисла тешко бидува. Но, за богат човек, во хумана смисла нема поубаво занимање… Највисока цел за учениците е да го достигнат знаењето на учителот, а уште подобро ако го надминат. Вистинскиот, голем Учител го нарекувале Мајстор. Вистинскиот учител е Мајстор само ако и тој учи т.е., „одгледува“ мајстори. Вистинскиот учител учи од своите ученици. Највисокиот чин на учителот е да има свои постојани ученици, следбеници. Тогаш говориме за постоење на „Учење“. Учењето е процес, временска или безвременска, врска меѓу Учителот и Учениците. Вистинскиот Учител знае дека не е секогаш во право. Вистинскиот Учител знае кога да престане да говори.