23. новембра 2020.

RADIOAMATERSKI INFORMATOR

PRIJATAN BORAVAK ŽELI VAM ADMINISTRACIJA SAJTA

Во случај некој да сака да прави двоелементен квад за КБ

Моделирано со MMANA-GAL.
GL DE Z31RQ

Во врска со изолацијата, дискусијата држи место, но ни јас со апсолутна сигурност не можам нешто да тврдам. Подолу ви испраќам неколку линкови, па просудете сами.
Да нафрлам неколку факти. Влианието на изолацијата врз дистрибуираната индуктивност е помала од 0,4%, односно е занемарлива. Најголемо е влијанието на дистрибуираната капацитивност, а таа зависи од положбата во однос на земјата и висината. Најголемо е влијанието кај хоризонтални жици на мала висина. Кај вертикална жица теоретски изолацијата нема влијание, додуша ова тешко се избегнува бидејќи секогаш има блиски вертикални предмети. Квадот има жици под 45 степени, висината од 15 м е солидна за над 14 МХз. Според различните формули, за дијаметар на бакарот од 1,5 мм и вкупен дијаметар со се изолација од 3 мм, на висина 15 м над земја (но паралелно со земјата, за косо нема формули), пермитивност 3-4, добивам коефициенти на брзината од 0,975 до 0,994. Некои автори тврдат дека други фактори имаат многу поголемо влијание, па ова можело да се занемари, пред конечното „поткастрување“. Јас би додал – близината на соседните лупови за другите бандови влијае во најголема мерка. Понатаму, сите нема да користат исти материјали – некој ќе користи изолирана, некој гола жица (во минатото имавме таков квад, сега имаме делта луп за 7 МХз).
Да заклучам. Ако работиме со изолирана жица да ги корегираме должините САМО на жиците множејќи ги со 0,99, но уште подобро со ништо да не множиме (лесно е да кратиш, потешко е да продолжуваш). Потоа да се измери резонантната фреквенција, како што рече Зоран. Се разбира, ако е прениска да се кратат двете јамки пропорционално, но бидејќи корекциите се мали, слободно може и за исти должини (на пример по 10 цм), нема да се наруши многу соодносот на должините поради тоа.
Во врска со коментарот на Игор за растојанието. Ежот е така направен, но да не заборавиме дека има затегачи за растојанието меѓу луповите, кои ги оптегнуваат жиците, па можеме да оствариме произволно растојание под 0,125 ламбда (поголемо не можеме). Всушност, мислам дека е точно направен за овие димензии и јас на времето правев пресметки за Донитовиот квад. Не е проблем да се преправи пресметката за поголемо растојание, кое носи малку повеќе засилување, по цена на поголеми димензии и минимално полош однос напред-назад. Во секој случај, не може да се згреши на тој начин.
Инаку, има NEC-2 влезен интерфејс за MMANA-GAL којшто ја зема предвид изолацијата, но мислам дека е тоа претеран0 – просто самите можеме на крај да поможине со фактор на кратење.
Еве ги линковите (ако имате проблем со линковите, ископирајте ги и отворете во нов прозорец).
Најмал фактор на брзината:
Најголем фактор на брзината:
Од самиот креатор на рускиот MMANA