23. новембра 2020.

RADIOAMATERSKI INFORMATOR

PRIJATAN BORAVAK ŽELI VAM ADMINISTRACIJA SAJTA

Зимска радиоаматерска сезона 1,8 и 3,5 MHz.

Почеток на зимската радиоаматерска сезона на најниските фреквентни бандови, 1,8 и 3,5 MHz. Се надевам дека по 30 години конечно ќе одработам KL7 (Аљаска) на 3,5 MHz и VO2 (Лабрадор) на 28 MHz за да ги комплетирам сите 200 банд-зони за 5B WAZ плакетата.
Ќе мора следење на геомагнетските и соларни извештаи, сателитските снимки на аурората над северниот пол и многу слушање приквечер и на изгрејсонце. Аљаска на 3,5 МХз не може да се одработи само по случајност.
Wish me good luck!
Dan, Z31RQ radio shack
Радиоаматерството е едно од најтехничките дисциплини и хобија, заедно со воздухопловството. Интернетот и мобилната телефонија можат да прекинат, а радиото ништо не може да го запре. Но, се работи за нешто друго. За разлика од Интернетот и мобилната телефонија, во аматерското радио е потребно техничко знаење за да се постави радио станица и антена, да се експериментира со техниката и простирањето на радио брановите и цел живот човек да се усовршува. За пријателствата со луѓе со исти интересирања да не зборувам. За жал, за разлика од светот, во Македонија радиоаматерството оди по надолна линија и просечната старост на радиоаматерите е преку 65 години. Јас, на 52 години, сум меѓу најмладите преостанати. Сите започнавме да се занимаваме во Југославија кога бевме почитувани носители на системот на радио врски на армијата, полицијата и ЦУК, но сега државата сосема крена раце од нас, како и од многу други работи.