Rezultati 1 do 5 od 5

Tema: РАСМ

  1. #1

    Post РАСМ

    РАДИОАМАТЕРСКА АСОЦИЈАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
    Репетитор R5 VHF со PL 123Hz, пробно е пуштен од локација во Скопје за тестирање, пред да се мести на локација Церепашина во текот на месец Мај.
    Репетиторот R3 е поставен и пуштен во функција од локација Плачковица. Работи со PL123Hz. Поставен во државен објект на висина од над 1700м н.в.
    Наскоро следи уште еден репетитор.
    Целосна снимка од гостување на нашиот Преседател Димитар Поповски во емисијата Слободна ТВ-Скопје.
    РМЗО вежба одржана на 29.03.2020
    ИЗВЕСТУВАЊЕ
    Сакам да Ве известам дека echo-linkovite : Z35VSG-R (R-7) i Z37RAM-R (R-0) се активни и можат да се користат.
    Ве молиме да се остава пауза од барем две до пет секунди помеѓу секое јавување. Исто така немојте да ги оставате Вашите подесувања на VOX во Вашиот компјутер.
    Z31MA
    Драги пријатели-радиоаматери !
    Честитки по повод Светскиот ден на радио аматерството!
    Во ова тешко време, мора да застанеме во име на солидарноста ширум светот и да бидеме многу пољубезни и поодговорни едни кон други.
    Секако, светот ќе се промени на подобро, па така ќе биде и со нашето хоби ...
    Основна работа е дека ние го поддржуваме ХАМ Радио духот и сите настани поврзани со радио аматеризмот, вклучително и меѓународни натпревари ...
    Ви посакувам на Вас и на Вашето семејство многу здравје, мир и спокој!
    P.S. Z39STAYHOME растура по бандот, впрочем само тие се слушаат и во услови на затворен банд !!!
    Почитувани колеги,ве известувам дека денес е пуштена првичната верзија од официјалната web страна на Радиоаматерската Асоцијација. Наредниот период ќе се надоградува со корисни содржини. За сите предлози и сугестии кои сакате да ги содржи web страната ве молам да ме известите.
    http://www.rasm.org.mk

  2. #2
    Информација од одржано редовно Собрание на РАСМ
    На ден 07.12.2019 година, во просториите на храмот Св.Петар и Павле во Горно Лисиче, Радиоаматерската Асоцијација го одржа своето редовно Собрание. На Собранието присуствуваа 40 членови и гости. Посебна благодарност до претставниците од АЕК кои со нивното присуство го збогатија настанот. Исто така голема благодарност и за радиоаматерите кои дојдоа од другите градови.
    Собранието работеше по претходно објавениот дневен ред и тоа:
    Од страна на Претседателот беше дадена детална информација за досега сработеното и постигнатите резултати, по што се премина се премина на втората точка од дневниот ред за избор на членови на ИО.
    За членови на ИО се избрани:
    Димитар Попоски, z32ЕА, Претседател на РАСМ
    Митко Кикереков, z31ma, Менаџер за vhf/uhf
    Дејан Вукановиќ. Z31cw, Менаџер за репетитори
    Томе Димишковски, z32ra, Менаџер за АРГ
    Ненад Шиповиќ, z32sn, Односи со јавност и web администратор
    Моме Димовски, z32zm, Менаџер за hf
    Ѓорѓија Тасевски, z34tas, Менаџер за РМЗО
    Секретар на Асоцијацијата е Димче Ангеловски, z31da
    За надзорен одбор се избрани:
    Дарко Блажевски, z34ddb
    Душан Богоевски, z32bd
    Славчо Милоски, z34tks
    За членови на Дисциплинската комисија се именувани:
    Панче Крстев, z34pmg
    Јордан Тасевски. Z34ЈОТ
    Антонио Ристески z31ra
    Воедно, на собранието беше едногласно изгласана програмата за работа на Асоцијацијата за 2020 год, како и одлуката за утврдување на висината на членарината за 2020 година во износ од 800 ден и одлука за започнување на процес за зачленување на РАСМ во меѓународна организација.
    Собранието се одржа во мирен и конструктивен амбиент и по негово завршување, беше организиран ручек во рамките на Храмот.
    Записникот од одржаното Собрание ќе биде објавен на ФБ страната на РАСМ, штом биде изготвен од записничарот.

  3. #3
    Почитувани членови на РАСМ и радио аматери,
    би сакал да ве информирам дека врз основа на Одлука на Влада од 22.04.2020 година, денес 28.04.2020 година Радио аматерската Асоцијација-РАСМ, потпиша Договор за примање на трајна донација од Дирекцијата за заштита и спасување-ДЗС.
    Согласно Одлуката и Договорот, ДЗС на РАСМ му донира (трајно му отстапува) голем дел на радио комуникациска опрема 50 уреди (VHF и HF), уреди за сателитска комуникација, како и друга опрема (батерии, кабли, микрофони...)
    Опремата по евидентирањето во РАСМ, ќе се дава на користење на членови на РАСМ кои ќе имаат потреба од тој тип на опрема.

    Izvor ;73 de Z32EA во име на www.rasm.org.mk

  4. #4
    Агенцијата за електронски комуникации го додели специјалниот повикувачки знак z39stayhome. Овој знак може да се користи од членови на Радиоаматерскиот сојуз додека трае пандемијата со covid19 и додека трае вонредната состојба во Северна Македонија. Повеќе информации за координација за користење на знакот може да добиете од РАСМ. Информации за активностите може да најдете и на профилот на z39stayhome,

  5. #5
    Почитувани Радиоаматери.
    Како што знаете Радиоаматерската Асоцијација работи на принципот ВЕТЕНО-СТОРЕНО. Па така согласно даденото ветување за поставување на R5 VHF на Попова Шапка (н.м.в. 1967м), денес истото се реализираше.
    Репетиторот работи под знак Z35VPS.
    Да го користиме R5 VHF за убави врски.
    Благодарност до Z31MA, Z32BD, Z32KZ и Z34GAZ кој денес успешно го поставија R5, како и до ЕЛЕМ ТУРС кои обезбедија објект и мрежно напојување.
    73 de Z32ЕА во име на www.rasm.org.mk

Ovlašćenja postavljanja

  • Vi ne možete postavljati nove teme
  • Vi ne možete postavljati odgovore
  • Vi ne možete postavljati priloge
  • Vi ne možete menjati vaše poruke
  •