Nekogas bilo vaka
Сега ова не е ништо во споредба со годините кога Македонија се оддели од бившата држава СФРЈ и стана нова земја во радиоаматерскиот свет, со тогаш новиот префикс (Z3).
Во првите години од осамостојувањето, радиооператорството стана вистинск
и бизнис. Префиксот Z3 беше нов и секој радиоаматер во светот посакуваше да добие QSL-картичка од новата земја. Интересот беше огромен. Македонија неколку години беше на врвот од најбараните DXCC земји. Речиси во секое пристигнаото писмо со QSL-картичка имаше најмалку 2 долари. Не ретко по 3 или 5, а имало случаи кога во пликоата се наоѓаа и по 10 долари!
Поедини радиоаматери годишно инкасираа по десетина илјади долари! Постоеше голема конкуренција и завист помеѓу радиооператорите во тоа време.

Многумина се трудеа да одработат колку што е можно повеќе врски за што пократко време, свесни дека интересот за новата земја, како што одминува времето и како што се расте бројот на радиоаматери во светот кои веќе ја имаат потврдено „Z3“ и веќе имаат добиено QSL-картичка од Македонија, полека, полека се намалува...

Во деведесетите години од минатиот век „Жетвата“ на доларчиња во пликчиња беше во својот зенит. Арно ама, некои се досетија дека QSL-бирото во Сојузот им пречи, бидејќи преку испратените QSL-ки преку Биро, се намалува приливот на кеш во плико, заедно со QSL-картичка.

Токму тоа е времето кога на поединци, им пречеше да има поголем број на оператори бидејќи на тој начин им се намалуваше сопствениот приход од зелени банкноти заедно со QSL-картичката во плико. Тоа е времето кога некои радиоаматери буквално се тепаа кој да ја отвара пристигнатата пошта во клубовите. Тоа е времето во кое многумина радиоаматери се испокараа меѓусебно и се затворија многу радио клубови...

Е, арно ама, и поштарите се научија дека во огромниот број на пристигнати писма од странство до нашите радиоаматери има кеш, па малку по малку, писмата си ги отвораа сами и си ги собираа доларчињата...

Ќе наведам само еден пример. Многу години подоцна, во време кога интересот за „Z3“ префиксот беше многу помал, во 2006 година, си набавив две радио станици и истата година направив 520 врски, онака, рекреативно и релаксирано-мераклиски, претежно со DX-земји (педантен радиоаматер, педантно си води дневник, нели). Истата година, од тие 520 врски добив 112 долари. Можете да замислите колку долари се влеаа кај нашите радиоамартери ако се знае дека поединци и клубови во првите години од осамостојувањето правеа годишно по 40, 50 па и 80 илјади радиоаматерски врски...

Се разбира, сега тоа не е така. Интересот за „Z3“ префиксот е многу, многу помал, но познавам пријател, радиоаматер, кој тврди дека од 2015 година до сега (во последните две ипол години), на својата сметка има инкасирано 3000 долари и за тоа има доказ. Се разбира, за испраќање на QSL-картичка назад кон тој што испратил пари, се прави трошок, но тој е од 16 до 25 денари (0,3 до 0,45 долари) па излегува чиста заработувачка од најмалку 1,6 долари по добиено плико...

Тоа беше тажно време за радиоаматерството во нашата земја.
Нешто слично сега се случува во Косово, со новиот радиоаматерски префикс „Z6“...


Да не бидам погрешно разбран со моево пишување погоре! Немам ништо против, ако поединци со свои лични радио станици си одржувале врски и си разменувале QSL-ки, па притоа зарботиле од оние кои им праќале пари во пликото за да добијат назад потврда за одржаната врска во вид на QSL-картичка...

Имам против оние кои користеле клубски станици за ова, оневозможувајќи на тој начин, заинтересираните млади членови на клубот да работат од клубот.

Имам против оние кои ги терале младите да работат на клубски знак (што убаво звучи) ама парите од добиените QSL-ки за клубот си ги присвојувале за себе без да се дава отчет за тоа!

Имам против оние кои заради своја лична корист ја злоупотребувале клубската опрема, користејќи ја својата функција во клубот.

Имам против оние кои со години не одржувале курсеви и обуки за млади членови, а тоа им била должност поради функцијата која ја имале во клубот. Некои биле платени за тоа! На тој начин свесно го кочеле развојот на радиоаматерството, зашто не им биле потребни нови членови-оператори кои би одржувале радио-врски, а со поголем број на радио врски од поголем број на оператори, интересот за „Z3“-префиксот многу побрзо би опаднал, а со тоа и приходот во доларчиња. На тој начин интересот за радиоаматеризмот кај младите брзо опаѓал, а многу клубови се затворени...

Како и да е, времето кога можело да се заработува од одржување на радио-врски поминало. Било што било, (белким нема некого да бесиме за она што се случувало?)
сега е време да се обидеме да го ревитализираме радиоаматерството!
Да ви кажам - сите што беа активни добиваа доларчиња, некои повеќе а некои помалку зависно кој колку беше активен.

Се спомнуват клубски радио станици - па многу беа ретки тие што имаа купено свои радио станици во почетокот на 90-те.


Јас ги пропуштив најдобрите денови за доларчиња бидејки си играв со радио станици ама дифузни па поприлично задоцнив.

Додека некои ги користеа сите можни фреквенции да дадат new one и да добијат директни писма.- за да избегнам игри со qsl-ki во многу активен период зедов менаџер од California кој што им беше и на уште неколку други од Македонија па тој си ја вршеше работата во овој дел.

И да, и јас работев од клубските простории со клубска радио станица и со клубски антени - колкумина имаа сопствени ама од сопствени пари купена опрема.

Сакате да ви напишам или си знаете ?



За жал, пак наидуваме на пречки токму од оние кои цело време „работеле“ да нема нови радиоаматери и да нема курсеви.

Зошто е тоа така? Па многу просто! Ако некој сега успее да почне од почеток и да организира обука, курсеви и да привлече нови млади членови во клубовите, тоа им пречи на оние кои до сега не го правеле тоа, а биле на раководни функции во клубовите. На тој начин ќе се покаже дека можело да има интерес од новите членови, а не како што велеа дека нема интерес и никој не доаѓа во клубовите. Затоа многу клубови беа затворени со години, иако имаа свои простории...

Сепак, „новите ветрови“ никој не може да ги сопре. Може да ги успори, ама да ги сопре, никако!

Поранешните млади членови на клубовите сега се возрасни, свесни за пропустите што се правеле во минатото и имаат огромна желба и енергија да се надминат состојбите и да се почне од почеток! Да се направат клубовите пријатно катче за дружење, Зошто да не се отворат и нови клубови?, а не да се собираме по кафеани!...
eden obicen post od mlad radioamater koj za prv pat se sretnuva so problemot direktno baranje na QSL karta, ispadna kako da frlil koska pa se pojavija mrsojadcite koi po defolt se znaat i ete ke go spasuvaat radioamaterstvoto vo Makedonija od nekojsi "TIE" ili "NEKOI". Kakvi lagi i insinuacii se pisuvaat toa e strasno. Celta se znae, samo degradiranje i broba za svoi licni interesi i samo promoviranje ... Za kraj kako Acko ke prasam, nema li uste !!