Stranica 1 od 1

Facebook-rasm

Poslato: Pon Jan 27, 2020 1:14 pm
od Z36AMB
Ova grupa mozete da ja najdete na sledniot link https://www.facebook.com/groups/2281860178804150/ :beer: :beer:

Re: Facebook-rasm

Poslato: Ned Mar 01, 2020 8:47 pm
od Z36AMB
Известување.

По покана од АЕК, двете радиоаматерски здруженија беа поканети на работен состанок во АЕК вчера со јасно дефиниран дневен ред од страна на АЕК.
1. План за поставување на радио репетиторски станици на национално ниво,
2. План за поставување на радио репетиторски станици на локално ниво,
3. План за поставување на радио фарови и
4. Разно (планови за развој на радиоаматеризмот, учество на меѓународни натпревари и др.).

Поканата за учество на состанокот беше потврдена од Претседателите на двете радиоаматерски здруженија.
Како претставници на РАСМ беа Z32EA, Z31MA, Z31DA и Z34TAS.
На состанокот од страна на РАСМ до АЕК беше доставена детална програма и реален план за поставување на радио репетиторски станици. Планот се состоеше со детали за локација, вид на репетитор, сериски број на репетитор и договор со кој е уредена дозволата за поставување во објектот. Официјално да бидете информирани дека РАСМ располага со 6 VHF репетитори, 6 дуплексери и антени. Во минатиот период РАСМ побара и доби од АЕК официјално дозволи за поставување на Р3 и Р7 и истите ќе бидат поставени и пуштени во работа најкасно до половината на март.
Она што е најинтересно и за мене тотално не сериозно, е што другата страна (претставниците на другото здружение) иако писмено го потврдија присуството, а со тоа го прифатија и предложениот дневен ред, во ниту еден ама баш во ниту еден момент не се придржуваа до истиот, туку само неосновано го напаѓаа АЕК. Иако декларативно велат дека немаат ништо против што постои и друго здружение, сепак со нивниот настап се покажа дека они сакаат целосен монопол во радиоаматеризмот во државава.
Обвинуваа дека не биле информирани за промените на Правилникот, иако АЕК 40 дена го имаше ставено на јавна расправа, во која и РАСМ учествуваше. Велеа дека не ја виделе веб страната на АЕК и дека неможеле да го најдат предлогот. И ова не е точно бидејќи објавата беше на насловната страна на АЕК. Дополнително на ова, не ми е јасно како може радиоаматерско здружение 40 дена да не ја отвори веб страната на регулаторот од кој дирекно зависи. Тотална несериозност. Дополнително на ова беа упатени и дирекни обвинувања кон вработен во АЕК дека бил "пристрасен" кон едно здружение. Ова не заслужува воопшто да го коментирам.
И на крај сето ова да заврши со изјава на нивниот Претседател дека не се подготвени за состанокот т.е. дека немаат никаков план и програма за поставување на радио репетиторска опрема. Не знам зошто воопшто прифатија да дојдат на состанокот? Зошто не побараа одложување како би можеле да се спремат? Тотална несериозност.
Тоа што можеше да се заклучи од нивниот настап е дека немаат ништо против РАСМ (иако во ниеден момент не бевме спомнати по име), ама дозволите за сите репетитори да бидат издадени на нивно име. Парадокс на деценијата.
Дополнително на ова, во емотивниот говор на Z31RM (читање на претходно напишан текст), јас и Z31MA бевме обвинети дека имаме украдено/земено/не вратено опрема од нив. Во ниеден момент не се кажа што тоа ни дале и дали имаат некаков документ за тоа. Иако, јас јавно им кажав дека кај мене има еден VHF инжинеринг репетитор R4 што е во нивна сопственост и неколку пати јавно ги повикувам да ми кажат каде и на кого да го вратам, и сеуште немам одговор за тоа, друга нивна опрема кај Z32EA НЕМА. Дополнително на ова, дури и за тој репетитор нема никаков документ дека јас го имам подигнато и немам ни обврска да го вратам, но чесноста не ми го дозволува тоа. Очекувам да ме контактираат за да им го вратам и тоа со задоволство.
Бев обвинет дека не сум им дал техничка документација за дигитален репетитор RU4. Па како да им дадам кога тој репетитор не е нивни. Репетиторот е сопственост на приватна фирма, која го пуштила во употреба во интерес на сите радиоаматери. Тоа што дозволата за тој репетитор се води на другото здружение, во ниеден момент не им дава право на сопственост. Во тој момент согласно тогашниот Правилник мораше да се води на тоа здружение. Баш поради тие неправедности, РАСМ иницираше промена на Правилникот и успеа во тоа, со што ги доведе сите здруженија вклучувајќи ги и клубовите на исто ниво.
РАСМ, во рамките на своите можности ќе продолжи да се бори за унапредување на радиоаматеризмот во целост, со тоа што за оваа година приоритет е поставување на националната репетиторска мрежа, радио фарови за 144MHz и 70MHz, како и дигипитери.
Сите радиоаматери кои имаат предлог за унапредување на радиоаматеризмот, ги молиме да се обратат во РАСМ како би можеле заеднички да придонесеме во развој на нашето хоби, кое за жал после 70 години постоење на другото здружение, сегашната негова гарнитура покрај расколот што го направи помеѓу радиоаматерите успеа и во тоа што работеше, веќе да не работи.

П.С. Другото здружение не го именувам по име во знак на револт бидејќи, ниту они нашата асоцијација не ја спомнуваа по име.

73 de Z32EA