Radio Amaterski INFORMATOR

Pravila,Regisracija,Novosti,Aktivnosti
Odgovori
Korisnikov avatar
Z36AMB
Site Admin
Site Admin
Postovi: 56
Pridružio se: Čet Nov 07, 2019 12:47 pm

Radio Amaterski INFORMATOR

Post od Z36AMB » Ned Dec 08, 2019 3:35 pm

Информација од одржано редовно Собрание на РАСМ

На ден 07.12.2019 година, во просториите на храмот Св.Петар и Павле во Горно Лисиче, Радиоаматерската Асоцијација го одржа своето редовно Собрание. На Собранието присуствуваа 40 членови и гости. Посебна благодарност до претставниците од АЕК кои со нивното присуство го збогатија настанот. Исто така голема благодарност и за радиоаматерите кои дојдоа од другите градови.
Собранието работеше по претходно објавениот дневен ред и тоа:
Од страна на Претседателот беше дадена детална информација за досега сработеното и постигнатите резултати, по што се премина се премина на втората точка од дневниот ред за избор на членови на ИО.

За членови на ИО се избрани:
Димитар Попоски, Z32ЕА, Претседател на РАСМ
Митко Кикереков, Z31MA, Менаџер за VHF/UHF
Дејан Вукановиќ. Z31CW, Менаџер за репетитори
Томе Димишковски, Z32RA, Менаџер за АРГ
Ненад Шиповиќ, Z32SN, Односи со јавност и WEB администратор
Моме Димовски, Z32ZM, Менаџер за HF
Ѓорѓија Тасевски, Z34TAS, Менаџер за РМЗО

Секретар на Асоцијацијата е Димче Ангеловски, Z31DA

За надзорен одбор се избрани:
Дарко Блажевски, Z34DDB
Душан Богоевски, Z32BD
Славчо Милоски, Z34TKS

За членови на Дисциплинската комисија се именувани:
Панче Крстев, Z34PMG
Јордан Тасевски. Z34ЈОТ
Антонио Ристески Z31RA

Воедно, на собранието беше едногласно изгласана програмата за работа на Асоцијацијата за 2020 год, како и одлуката за утврдување на висината на членарината за 2020 година во износ од 800 ден и одлука за започнување на процес за зачленување на РАСМ во меѓународна организација.

Собранието се одржа во мирен и конструктивен амбиент и по негово завршување, беше организиран ручек во рамките на Храмот.
Записникот од одржаното Собрание ќе биде објавен на ФБ страната на РАСМ, штом биде изготвен од записничарот.

73 de Z32EA
Slika
:beer: "**PRIJATAN BORAVAK NA FORUMU ŽELI VAM ADMINISTRACIJA SAJTA FORUMA**" :beer:

Odgovori