Ви пренесуваме 20 животни совети од доктор Литвак кои ќе ви помогне во решавање на многу животни ситуации.
1. Ако еден човек не може да каже ништо добро за себе, а сака нешто да каже, тогаш почнува да зборува лошо за другите. 2.Ако навистина сакаш борба, бори се за наука, а не проитив својот ближен. 3.Депресивната состојба му е дадена на човекот за да би можел да размислува за себе. 4.Никој никого не отфрла. Тој само оди напред. Оној што заостанува се смета себе си за отфрлен. 5.Ако мислите дека сте добра личност, зошто ви е потребно и некој друг да го мисли истото за вас?

6.Правете го тоа што го сакате и не барајте дозвола. Нема да ја добиете. 7.Знаци за духовна зрелост се, способноста да се сака и добро да се поднесува осаменост. Најдобрите работи ги правиме кога сме осамени. 8.Незрела личност често знае, но не умее. Зрела личност не само што знае, туку и умее. Затоа, незрелата личност критикува, а зрелата делува. 9.Јас не го знам патот до успехот, но го знам патот до неуспехот-тоа е желбата секој да те сака. 10.Не постои машка или женска логика.Има само способност и неспособност да се размислува правилно. 11.Сакаш ли да знаеш кој ти е најголемиот непријател? Погледни во огледало.Победи го него и другите ќе исчезнат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You cannot copy content of this page