Забрзано се зголемува боројот на новозаболени од Ковид-19 во Прилеп што ги загрижува здравствените власти. Од почетокот на февруари до денес, регистрирани се 343 позитивни пациенти, а 34 се на болничко лекување. Голем дел од нив, околу 70 проценти, се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка. Поради ваквата сосотојба, освен Инфективното одделение, повторно се активираат и другите оддели во прилепската болницата.

НЕ ЗНАМ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ПРИЛЕП, ИМАМЕ ПАК ГОЛЕМИ БРОЈКИ. СОГЛАСНО ТОА ИМАМЕ СЕ ПОВЕЌЕ ПАЦИЕНТИ КОИ ИМААТ ПОТРЕБА ДА БИДАТ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ. ВО МОМЕНТОВ ИМА 34 ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ПАЦИЕНТИ, ДЕЛ СЕ НА ИНФЕКТИВНОТО, ДЕЛ ВО КОВИД ОДДЕЛОТ НА УШНОТО ОДДЕЛЕНИЕ. СЀ УШТЕ ИМА 16 СЛОБОДНИ ЛЕЖЕЧКИ МЕСТА И ДОКОЛКУ И ТОА СЕ ПОПОЛНИ, СМЕТАМЕ ДА ГО АКТИВИРАМЕ ОДДЕЛОТ НА ИНТЕРНОТО ОДДЕЛЕНИЕ. ОКОЛУ 70 НАСТО ОД ПАЦИЕНТИТЕ СЕ НА КИСЛОРОДНА ПОДДРШКА, ВЕЛИ ДИРКЕТОРОТ НА ОПШТА БОЛНИЦА БОРКА ТАЛЕСКИ-ПРИЛЕП, ДРАГИ БОГОЈЕСКИ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You cannot copy content of this page