Ден ко ден – ќе рече некој. Но овој ден, е од оние летни, августовски денови, топол, влажен, дури и таа малку облека што ја носиш на себе, се лепи за влажното од пот тело. Врел ден, како да сака сонцето, сите под сачот негов да не стави. А јас, излегувам и си мислам – па зошто да не, кога и овој ден е ист како и тој од вчера. Чекорам така и барам клупа. А знаете, јас секогаш сакам да одам по истата патека која ме носи право кај мојата клупа. Ја нареков мојата, зошто само на нејзе ми е најубаво да седам – навика- ќе ви кажам. А нејзе ја обоиле во жолто, златно жолто како сонцето, а потпирачите и ги направиле од ковано железо на кои се гледаат цветови, но оние цветови на кои не им треба вода за да опстанат од жештината на врелото сонце. Одам, и задоволството е мое да ги посматрам ликовите кои поминуваат. Сè им се чита од лицето, од чекорите, од говорот на телото. Некои ги споиле веѓите, мислиш тежок товар на плеќи носат, други се смеат на нивните шеги, но и нивната насмевка е некако развлечена, да не речам вештачка. Се прашуваш дали се пријатели или само познаници. А повеќето, верувајте, итаат, зошто потта ги облеала нивните тела и бараат и најмала сенка да можат да се затскријат.
Со поглед гледам во далечина. Гледам девојка, ставила чадор во рака да се заштити од врелото сонце, но, не од оние јапонските, што ги носат претежно повеќето. Таа носи чадор за сонце испреплетен со убава чипка во зелена боја. Си облекла лесно лелеаво фустанче, во боја на чадорот. Слатка е – си велам за себе. Убаво, складно облечена а од секогаш ги сакав девојките кои си имаат свој стил на облекување, како и жените кои си водат сметка за својот изглед. Тоа ни дава слика на убавина, чистина, на личности со карактер. Мојот поглед упорно е вперен во девојката со чадорот. Косата кратко скратена но со златни прамени во нејзе, сигурно заради врелината. Гледам убави крупни очи но за миг ми се пристори како повеќе да се пропаднати во нејзиното лице, а клепките долги, често се движат него нормално. А усни, усни убави на кои ставила малку сјај и секој би посакал да ги бакне. Нежна, ситна, слатка – убава девојка- ми се сочина. Гледам две момчиња како нешто и довикуваат, но таа ни поглед сврте кон нив, само си продолжи да чекори тивко, нечујно и со поглед вперен напред пред нејзе. Се приближуваше на кај мене. Во очи страв и видов. Знаете, оној страв кога зениците ви се шират…. Мирно, тивко, дојде до клупата и седна… Мислиш мене ме бараше. Ме погледна, а јас со насмевка и возвратив. Страмежливо и потиштено почна да ми зборува. – Знаете колку ви олеснува на душата, кога тагата и болката со непознат ги споделуваш, ми рече. Знаев – си реков во себе- ја мачи нешто, се гледа голема болка во душа носи. Низ солзи ми раскажуваше за нејзиниот живот, за нејзината болест, за нејзината анемија, која како змија отровница и се вовлекла во телото нејзино, и лека – полека ја јаде и се дои таа со крвта нејзина. А младоста –ми вели – каде е мојата младост, каде е мојата радост, каде е мојот живот, кога ни топол бакнеж од усни врели не сум почувствувала, кога тело од момче до мене не застанало, кога со прегратка топла, раменици немало кој да ми стопли. Ме гледа, а од очи солзи и капат ли капат. Се накваси уште повеќе и од солзите и од потта, и фустан нејзин за нејзе се залепи. Ја погледнав, и солза и мене од око ми се слизна. Не, не сакав јас слабост да и покажам, но не можев кога видов колку тело и се истенчило. Само и реков, зарем не знаеш дека Бог е секогаш со нас, тој не води и за рака не држи, тој е нашиот спасител. Бог живот ни дава, топлина во душа ни става и во очи сјај ни свети. Не – ми вели таа- мене крвта во вода ми се претворила. Зарем мислите дека мене сега сонцето ме грее кога веќе крвта во мраз ми се претвори и мразулци низ тело ми лазат. Не, дете мое – и велам јас – нека не те совладува тагата, па ти живееш, смеј се, радувај се на секој ден, денес, утре, и уште на многу денови, животот твој е овој. Зарем ни малку надеж за љубов не останало во тебе. Ослободи се и живеј го животот, но не со тагата и болката што ја носиш во тебе. Живеј со вербата во Бога, живеј го животот посилно од денес, само така ќе го победиш, и така се ќе имаш. Верувај и на својата младост. Ме погледна со некаква си насмевка, онаа насмевка кога усните во линија се спојуваат, но во очи само на момент малку сјај видов. Ме фати за рака, и полека стана и замина со поздрав ЗБОГУМ…
Долго ја гледав како се оддалечува од мене, а јас се трудев мислите да си ги приберам. Тежок ден, верувајте….Но по неколку денови кога повторно одев кај мојата клупа, јас ликот нејзин го видов. Ете, тогаш истекоја сите солзи од мене. Зарем навистина си замина, како ангел одлетала, нечујно.
Зедов само една роза и заминав за последно да ја поздравам нејзината младост. Лелек од душата на мајка и слушав, но заминав, верувајте не можев да гледам како црна земја тело младо покрива. Одев и солзи мои сами излегуваа. Зарем дојдов да се простам за последно со ова младо тело што младост и живот не знаеше што се. Се сетив на еден напишан стих од Рацин –
Знам оти ѓердан веќе не нижеш
Знам оти чеиз и ти не везеш….
Зарем ѓердан од солзи се ниже, и зарем чеиз сега нејзе и треба кога црна земја тело и покрива.
Застанав за миг да видам тело младо, кое веќе болка нема, тело кое со мисли и желби неостварени како ангел си одлета…..Тешки жешки денови….верувајте, денови што срце на парчиња го дели и во душа што болка става, а лек нема, за очи млади во кои светлина нема…..заминала и таа….
May be a cartoon of небо и текст који гласи „生丰生 VectorStock® VectorStock.com/23526435“
Angelce Iliev и још 18
10 коментара
1 дељење
Свиђа ми се

Коментар
Подели

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You cannot copy content of this page