Ретко кој го споменува ЕКТС системот (образованието според Болоњската декларација) како важен извор на неквалитет и недоученост. Како што е познато, на половина семестар се одржуваат колоквиуми преку кои може да се положи целиот испит. Во средата се зема нова лекција, а во четвртокот се полага. Колкави се шансите некој квалитетно да го научи материјалот, односно да научи да решава задачи од среда до четврток? Шансите се рамни на нула. Книгата може да се прочита и евентуално да се набуба напамет, но само на некои, помалку захтевни, да не кажеме помалку сериозни факултети. На техничките и природно-математичките факултети тоа е невозможна мисија.
На времето, после прослушувањето на предавањата мораше да се учи барем 1-2 месеци, а по потешките и посериозни предмети и по 3-4, па и 6-7 месеци, да се решат стотици задачи, за да се излезе спремен на испит и да се положи со знаење.
Денеска самите професори знаат дека од среда до четврток (па ни од март до април) нема време да се научи нешто како што треба, па на испити задаваат едни исти задачи од вежби и од поранешни испити (евентуално со сменети бројки, што не ја прави измамата помала), колку да поминат од редот и да ги пуштат студентите. Знаењето е рамно на чиста нула, иако во индексите се сите десетки.
Единствениот начин за некој вистински да научи е – да учи дома самиот еден семестар пред време и да има одлична основа од порано. Друг начин нема, ако зборуваме за квалитетно, а не мајтап знаење. Но, ако учи самиот пред време, зошто му се на студентот и факултетот и професорите?
И така, си се лажеме веќе добри 11 години и никому не му фали влакно од главата што се упропастени најмалку 11 генерации. Во меѓувреме исто толку генерации (кои нешто знаеја!) заминаа во пензија и беа заменети со „болоњските“ генерации. Ако пресекот го направиме уште порано, во 1991 година, веќе 3/4 од работната сила е заменето со приучени-недоучени лица (често без своја вина) кои освен што земаат плата не се во состојба да направат нешто покорисно – ни за себе, ни за фирмите, ни за државата. Затоа продуктивноста ни е ваква каква што е, а графиците на растот на задолженоста и буџетскиот дефицит кажуваат се.
Слика може припадати текст који гласи „10,000 6pyTo HaABopeweH Aoлr (mил. eBpa) 9,000 6pyToHaABopeweHAo 6pyTo HaABopeweH Aoлr/6An % (AecHa cKaлa) 6pyTo HaABopeweH Aoлr 6e3peno/6An % (AecHa cKaлa) 8,000 7,000 90 83.4 6,000 5,000 80 81.3 70 4,000 9,087 60 3,000 2,000 50 1,000 40 30 20 10 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 Ks.1 Ks.2 KB.3 Ks.4 Ks.1 Ks.2 KB.3 2019 2019 2019 2019 2020 2020 2020 и3Bop: H6pcm, A3c. 0“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You cannot copy content of this page