СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 2228.02.2021

Тестирани се вкупно 20.161 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 27,2% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 3.628 нови позитивни случаи од 32 градови во државата со зголемување од 56,4% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 12,0 до 21,7%, просечно 17,9%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.675; 46,2%), со неделна инциденца – 271,2/100.000. Највисока неделна инциденца од 681,1/100.000 е регистрирана во Неготино и Кавадарци (641,4/100.000) (Табела 1, Картограм 1).

Картограм 1.     Инциденца  на 100.000 жители, COVID-19, 22-28.02.2021, Р.С Македонија

22-28.02

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=911, 25,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=666; 18,4%), 40-49  (n=660; 18,2%), 50-59 (n=612; 16,9%) и 20-29 (n=530; 14,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=61; 1,7%) и 10-19 години (n=188; 5,2%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.762 (48,5%) лица од женски и 1.866 (51,5%) од машки пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 1.766 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, идентично во споредба со минатата недела.

Пријавени се 69 смртни случаи од 20 градови, за еден случај помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 60 лицa биле над 60 години, 5 лица на возраст од 50-59 години, 3 лица на возраст од 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 28.02.2021, пријавени се вкупно 103.020 случаи на COVID-19 (I=4.978,8/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Гостивар, Штип, Велес и Битола додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Охрид, Струга и Крушево. Највисок леталитет се регистрира во Крушево и Струга (Табела 1).

Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, до 28.02.2021
3.3 tabela 1

Во поголем дел од државата се забележува зголемување на бројот на новозаболени кога се анализираат двата двонеделни периоди, а позначајно зголемување на бројот на новозаболени се регистрира во Прилеп, Неготино, Крива Паланка, Валандово и Богданци. (Табела 1).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Кавадарци со 7.912,3 на 100.000 жители, Скопје (7.297,1/100.000) и Штип (6.958,0/100.000), а најниска инциденца со 2.250,6 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонски Брод (Табела 1, Картограм 2).

Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

мапа до 28ми

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 52.430 машки и 50.590 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 5.058,3/100.000, а кај женските 4.899,0/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 45,5 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 24.494 (23,8%) со инциденца од 6.390,5/100.000, а највисока специфична инциденца од 6.750,5/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (18.770 заболени). Најниска инциденца од 888,7 и 1.781,3 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 2.034 и 4.457 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група (n=103.020)

graf1

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.406) е регистриран на 17.11.2020.

Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на заболени на неделно ниво (n=7.480) е регистриран 47-та недела (Графикон 2). По стабилизацијата на трендот во тек 7 недели, во последната недела се регистрира повторно зголемување на бројот на заболени лица.

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, до 28.02.2021 (n=103.020)

graf 2

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, КОВИД центрите на Универзитетксите клиники за Дерматовенерологија, Неврологија, Инстиутот за белодробни заболувања и ТБЦ, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Велес, Куманово, Прилеп, Охрид, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Кавадарци, Кичево, Дебар и Гевгелија, УК за гинекологија и акушерство и КБ Систина) моментално се хоспитализирани 706 лица (6,8% повеќе во споредба со минатата недела), а од нив 218 се на кислородна поддршка и 5 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Податоците кои следат во однос на симптоматологијата, коморбидитетите, одредени групи на случаи, контактите и импортираните случаи се однесуваат на анализите направени заклучно со 17.01.2021.

Во однос на симптоми кои се пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (68,8%), кашлица (40,8%), малаксаност (40,1%), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,0%), главоболка (21,9%), мускулна болка (18,1%), болка во грло (14,1%) и отежнато дишење (9,8%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), кај 17.126 или 23,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), пријавени се 412 (1,8% од пријавените женски лица во фертилен период) случаи кај бремени жени, од кои 58 биле хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 119 се асимптоматски случаи.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), регистрирани се 3.439 (4,8%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 22.444 (31,0%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 15.323 лица имаат кардиоваскуларна болест, 5.842 дијабет, 3.256 се со хронична белодробна болест и 3.986 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 4.800 (63,3%) се присутни коморбидитети.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), 1.029 (1,4%) се импортирани, од нив 11 се детектирани на точка на влез. Вкупно 23.054 лица (32,0%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

 

Регистрирани се 3.144 смртни случаи (Лт = 3,1%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 30.11.2020 година (n=40), а според недела на пријавување во тек на 48-мата недела (n=218) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=2.505) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 653,6/100.000 жители. Регистрирани се 1.971 смртни случаи кај лица од машки и 1.173 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 2.280 (83,2% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=1.790), дијабет (n=797) и белодробна болест (n=350). Регистрирани се 3 смртни случаи кај бремени жени и 24 смртни случаи кај здравствени работници. Од пријавените случаи 178 (5,7%) починале во вонболнички услови, а 2.958 (94,1%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 3.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, до 28.02.2021 (n=3.114)

graf 3

Од 25.01.2020-28.02.2021 тестирани се вкупно 523.726 материјали (детектирани 103.020 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите во кои се спроведува брз антигенски тест (Табела 2). Со ова во Р. С. Македонија се направени 253.109 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 2. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=523.726)*

tabb2

Според исходот од заболувањето, 8.369 лица (8,2%) се активни случаи, 91.507 случаи (88,8%) се водат како оздравени, испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 5.627 (6,1%) биле хоспитализирани додека останатите 85.880 (93,9%) биле на домашно лекување.

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=103.020)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 3719 40353 998 45070
Куманово 290 5108 207 5605
Тетово 292 4960 219 5471
Прилеп 658 4509 264 5431
Гостивар 154 3469 172 3795
Штип 121 3454 90 3665
Велес 257 3092 110 3459
Битола 181 3107 153 3441
Кавадарци 604 2736 65 3405
Охрид 440 2682 135 3257
Струмица 185 2429 114 2728
Струга 190 2072 155 2417
Кочани 74 1708 47 1829
Кичево 70 1646 62 1778
Неготино 217 1015 21 1253
Гевгелија 186 1010 28 1224
Свети Николе 23 1071 15 1109
Крива Паланка 83 717 37 837
Ресен 61 731 21 813
Дебар 44 716 35 795
Делчево 185 531 29 745
Радовиш 25 683 36 744
Берово 25 597 21 643
Пробиштип 24 503 18 545
Виница 25 485 13 523
Валандово 27 333 8 368
Крушево 71 192 21 284
Кратово 29 237 11 277
Богданци 46 223 6 275
Демир Хисар 15 243 8 266
Македонски Брод 7 235 10 252
Демир Капија 32 207 3 242
Македонска Каменица 3 186 4 193
Пехчево 4 177 5 186
Дојран 2 90 3 95
ВКУПНО 8.369 91.507 3.144 103.020

 

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, до 28.02.2021 (n=103.020)

 graf 5

 

 

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19 И ПРЕПОРАЧАНИ МЕРКИ

Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата[1] се проценува дека:

  • Република Северна Македонија е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата), подниво 3, со умерени капацитети за одговор.

Препорачани мерки за превенција и контрола од СЗО согласно проценетата фаза и подниво

Покрај мерките за подготвеност во итни случаи, одговор и надзор, индивидуалните мерки на претпазливост, СЗО препорачува мерки за разгледување на надлежните органи, кои исто така мора да бидат земени предвид во однос на ефектите што овие мерки можат да ги имаат врз општата благосостојба на општеството и поединците.

  • Затворање на несуштински деловни активности или работење од дома, што е можно повеќе.
  • Поединците треба да применуваат мерки како што се хигиена на рацете, посебно марамче за кашлање, да останат дома доколку не се чувствуваат добро, да носат маска, физичко растојание и да избегнуваат затворени простори, преполни места со можност за близок контакт.
  • Да се размисли за ограничување на наставата со физичко присуство на универзитетите и да се промовира е-учење.
  • Службите за згрижување на деца и основните и средните училишта треба да останат отворени со соодветни мерки за безбедност и надзор доколку тоа го дозволува локалната епидемиолошка состојба.
  • Посебна проценка за одржување спортски и слични настани кои треба да се одржуваат според строги безбедносни правила, на пр. без публика. Другите масовни собири треба да бидат прекинати, а големината на сите социјални собири треба да се намали.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You cannot copy content of this page