Од утре во прилепската Општа болница се отвора уште еден ковид центар-Одделението за гинекологија.. Сега во Инфективното,Интерното и Одделението за уво нос и грло хоспитализирани се 86 пациенти, а во дневната болница терпија примаат над 90 ..И во следниве две недели без сомнение Прилеп и натаму ќе биде меѓу првите според бројот на ново заразени во земјава..

Ако во јануари просечно неделно имало 76 ,во фебруари 315,овој месец само за четири дена ново заразени се 250 а,ги има над 2000.. Инфектолозите велат дека само во нивната амбуланта дневно се вршат над 80 прегледи,а од хоспитализираните над 60 отсто се на кислородна поддршка..Повторно престои реорганизација бидејќи нема доволно кадри за ново отворените Ковид центри..

Наспротив негодувањата и пропустите околу селективното наградување на ангажираните во ковид центрите во текот на предходниот бран, кој предизвика голем револт меѓу вработените и меѓу договорно ангажираните,сегашното новото раководство во болницата вели дека вакви пропусти нема да има.. И во овој најнов налет на мутираниот сој се очекува помош од матичните лекари,како и од другите институции,бидејќи сега се активни над 700, а процентот на ново заболени ќе се зголемува над 30 отсто на неделно ниво..

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You cannot copy content of this page