На денешен ден пред 30 години, поточно на 20 март 1991 година, по спроведувањето на првите повеќепартиски парламентарни избори, Собранието ја изгласа првата демократска Влада на тогашна Социјалистичка Република Македонија по воведувањето на политичкиот плурализам.
На чело на оваа прва експертска Влада беше избран Никола Кљусев, а за вицепремиери беа избрани Блаже Ристовски, Јован Андонов и Бекир Жута, и имаше 15 министерства и тројца министри без ресор.
Согласно Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија, донесена на 25 јануари 1991 година, основна цел на новата Влада беше конституирање на Република Македонија како независна држава.
Во текот на мандатот на оваа влада е одржан референдумот за независност на Македонија, усвоен е Уставот на Република Македонија, како и монетарното осамостојување на државата.
Првата влада, како експертска, заедно со Собранието, ги направи првите чекори кон самостојна и плурална држава, која потоа со политичките влади ги остваруваше стандардите на парламентарната демократија, како и неопходните постигнувања за остварување на нашите стратешки определби за членство во НАТО и ЕУ. Денес, Северна Македонија и нашиот народ им оддава големо признание за државниот и политички ангажман на членовите на првата Влада.
Слика може припадати 12 особа и people standing

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You cannot copy content of this page