Изворот на лажните вести во државата има име и презиме: Христијан Мицкоски
Уште еден во низата докази дека главниот извор на пласирање лажни вести во државата има име и презиме, а тоа е Христијан Мицкоски.
Во целосен очај, со „разнишана“ лидерска фотелја во ВМРО-ДПМНЕ, на Мицкоски не му преостана ништо друго освен свесно да манипулира дека Општинската организација на СДСМ-Прилеп злоупотребила простории на училиште за внатрепартискиот изборен процес.
Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, кој е во целосен распад, никој не нашол за сходно да го извести Мицкоски дека фотографијата на која се повикува, е направена во Домот на урбаната заедница „Тризла“, каде во една од просториите е поставена училишна табла и каде се одвиваше дел од вчерашното гласање.
Мицкоски и апологетите на неговите лажни вести, никако да разберат дека времето кога образовните и другите државни институции беа во функција на партијата и на најбезобразен начин се злоупотребуваа во партиски цели, заврши и никогаш повеќе нема да се повтори.
Вчера, СДСМ уште еднаш потврди дека е партија на реформите, модернизирањето и унапредувањето на севкупните демократските процеси во државата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You cannot copy content of this page