Да бидеме крајно внимателни, да го запреме ширењето на новиот сој на вирусот.
Да си помогнеме себеси и на здравствените работници.
На денешната седница на Владата се донесе одлука за дополнителни рестриктивни и превентивни мерки со единствена цел – заштитата на јавното здравје и заштита на сите граѓани.
Рестриктивните мерки се однесуваат на:
Забрана и посебен режим на движење на граѓаните на територијата на Северна Македонија, од 20:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, (од 6 до 20 април 2021 година).
Граѓаните, кои извршиле имунизација/вакцинација во центрите за вакцини, за временскиот период непосредно пред започнувањето на забраната и посебниот режим на движење, им се дозволува враќање до своите живеалишта, престојувалишта, врз основа на потврда за извршена вакцинација.
Целосна забрана за посетители, гости, во сите угостителски објекти, кафетерии, ресторани, барови, клубови и други објекти, кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, како и во угостителските објекти, дел за исхрана во угостителските објекти за сместување, хотели, мотели, хостел, пансион и други објекти за сместување или на бензински станици.
Целосна забрана за посетители и гости во сите обложувалници, односно приемот на посетителите и работата на обложувалниците да биде овозможена исклучиво преку вршење на шалтерска услуга, шалтер, штанд, пулт.
Целосна забрана за посетители и гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање.
Се забранува организирање, одржување и присуство, учество на секаков вид на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани.