МЕРКИТЕ ШТО СЕ НОСАТ НЕ ГИ ОПФАЌААТ ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ. ЗОШТО САМО УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ?
Сите сме свесни дека мерките се носат од ракав и пост-фестум. Тие претежно се темелат на странски информации и мерки (највеќе од северниот сосед) дека ‘доаѓа трет бран’ без да се помисли како тој бран да се спречи.
Светската пракса за справување со кризи кажува дека мерките треба да бидат дел од една сеопфатна стратегија во која (1) здравството е само еден дел. Други делови кои се меѓузависни од здравствениот сегмент се (2) воспоставување доверба во владините институции, (3) благосостојбата на граѓаните и (4) финансискиот систем на државата.
За овие делови треба да се воспостават цели и соодветни мерки кои ќе ги остваруваат целите. За да може да се следи спроведувањето на мерките, да се гледа прогресот на мерките потребно е да се воспостават мерливи индикатори за сите овие сегменти-делови.
Во пракса што имаме?
Јавно се обелоденува за бројот на заболени и број на оздравени како и број на починати. Овие бројки ги споделува Министерот и Министерството за здравство во непрегледен формат. Недостасуваат секојдневни информации за број на слободни кревети, цена на чинење на едно лекивање во приватен и државен сектор, какви се трендовите на цените за дијагностика и лекување, итн итн.
Во наредните денови, во зависност од моите секојдневни професионални обврски, ќе се обидам да составам сеопфатна рамка и мерливи индикатори како пример за водење на држава во услови на КОВИД – со личен пример да покажам дека не е тешко ако се сака да се подобрат состојбите во државата. Уште еднаш ќе кажам – ковид состојбата не е само здравствен проблем.
Зошто само кафулињата и рестораните?
Како и повеќето граѓани и стопанственици, сметам дека државата посегнува по мерки само на едн мал дел од општество и со тоа не може никој да очекува да имаме резултати. Државните институции и јавните претпријатија заедно со банките (пред се’ мислам на Стопанска банка Скопје) се поголем извор на зараза. Рестораните се опциони за посета, а овие другите се задолжителни за посета а не се адаптирани на новата ситуација и препораките на владата.
Корона наивно фатив во државна институција
Од лично искуство ќе напишам. Корона фатив пред Нова година. Во државна институција. Претходно, цело време бев во моја одредена изолација (претежно надвор од Скопје) бидејќи работата тоа ми го дозволува. Не излегував.
Морав да одам во една државна институција на состанок во кој ми бараа некои документи. Сето тоа можевме да го обавиме и со видео врска и со праќање на документите по емаил, или евентуално по пошта. Попусти беа моите молби да не одам лично. Дури осетив како и ми припретија ако не дојдам. Ете отидов.
И кое беше искуството? Во приемна соба, петнаесетина квадрати, имаше ‘евиднтичари на влез’ – пет шест души. Посетители како мене – исто пет шест души. Додека чекав да ме евидентираат, влегуваа и излегуваа до кај десетина души, што вработени, што посетители. Број на лица и промет имаше многу повеќе и од прометен ресторан/кафуле. Мобилниот и други работи те упатуваат да ги ставиш во касета. Имаш допир на клучеви, внатрешност на касета. На самиот состанок идеш во камцеларија од десет квадрати (во облик на вагон) во која веќе има три вработени. Јас – четврт. Главната службеничка што го закажува состанокот не носи маска. Нема дезинфекциско средство во просторијата. Не видов дезинфекциско средство ниту во приемната просторија. Наивно верував дека како институција веројатно водат грижа за короната. И закачив корона.
Убеден сум дека кафулињата и рестораните имаат подобри протоколи од државните институции. Зошто? Лебот го вадат од нивната работа. Не смеат да си дозволат газдата и вработените да им се разболат. Не смеат да дозволат локалот да им биде означен за дувло на корона. Им отиде егзистенцијата.
А во државните институции? Можете да си замислите. Немаат лична обврска да имаат дезинфекциски средства. Си продолжуваат по старо да те тераат да доаѓаш и да ‘коленичиш’ пред нив. Си го хранат егото со тоа, а и не им се работи дополнително за да обезбедат електронска комуникација. Плата на први им стига (до кога така, ич не им чуе). Во кафуле или ресторан одиш доброволно (јас за време на пандемијата скоро ич). Во државна институција не одиш доброволно – те примораваат.
Кога и’ се јавив на службеничката дека фатив корона и да се пазат, она уште и ме искара. “Ние работиме по највисоки стандарди и протоколи. Не е можно да е од кај нас.” остро ми рече. Потоа уште и ми кажа дека веќе прележала корона и дека нејзиниот колега вчера (за тогаш) се заразил исто од ковид. Иако и кажав, “Гајле ви е вас, 20 дена ќе си ‘одмарате’ дома, а ние како да работиме и да заработуваме и за вашата плата?’. Тоа и’ го кажав повеќе за мене самиот. Нејзе ја заболе п..ката (морав овој збор да го употребам зошто нема посоодветен).
Нормално, никој од надлежните не го интересираше изворот од кај ја закачив короната – спротивно на тоа што блебетаат на ТВ за некакви анализи, кластери и други фенси-а-празни работи.
Во вакви услови, мерката за затворање на угостителските објекти нема да даде соодветни резултати, а гневот и незадоволството расте. Економијата тоне. Сиромаштијата расте. Повеќе за методологијата на правење стратеги и изведба ќе споделам наскоро.
Премиерот важно не чувствува одговорност. Нормално. Ни Грујо не чувствуваше. И сите министри му беа ОК. Само што се испостави дека имаа ограничен рок. Ме разбирате, нели?
❤️МК

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You cannot copy content of this page