Д-димерите, лекувањето, вакцините и т.н. Сите започнавме да се разбираме, кој помалку, кој повеќе во епидемиологија, инфектологија и имунологија.
Но ајде да видиме еден поинаков пример, каде знаењето исто така може да спаси човечки животи. На подолниот дијаграм се прикажани сопирниот пат (во метри) и сопирното време (во секунди) на дадено возило кое сопира на угорница (црвената линија) или удолница (сината линија). Применета е сила на сопирање во износ од 20% од тежината на возилото, што е на сама граница на пролизгување за пат со песок, а пак на кал дури и не може да се оствари толкава сила бидејќи доаѓа до пролизгување.
Во предвид е земена и силата на отпорот на воздухот, иако нејзиното влијание е занемарливо при овие брзини и дадената сопирна сила.
Забележуваме дека сопирниот пат се продолжува практично со квадратот на почетната брзина (двојно поголема почетна брзина – четири пати подолг сопирен пат). Исто така, удолницата му одмага на сопирањето, па на удолница патот и времето на сопирање се значително поголеми отколку на угорница.
Што се однесува до времето на сопирање, тоа не расте квадратично, туку приближно линеарно со почетната брзина, но сопирниот пат е оној што предизвика судири.
Да заклучиме. Не само што брзото возење е непропорционално поопасно од нормалното возење, туку удолницата дополнително го зголемува ризикот. Воопшто не е случајно правилото кое вели дека треба да слегуваме со онаа брзина со која се искачуваме.
Инаку, штетата при судар (енергијата на деформација) е еднаква кинетичката енергија која преминала во деформација. КИнетичката енергија, пак, зависи од квадратот на брзината при сударот – што значи двојно поголема брзина, четири пати поголема енергија и поголема штета. Ако со мала брзина уште имаме шанса да се извлечеме, при големи брзини тие шанси се стремат кон нула.
Брзото возење, покрај што е небезбедно, е многу поскапо, бидејќи на големи брзини најголем дел од енергијата се користи за совладување на отпорите на воздухот, коишто растат со квадратот на брзината (турбулентно струење). Дали ви се фрлаат толку пари само за да го туркате воздухот пред себе без никаква рационална потреба?
Слика може припадати текст који гласи „сопирен пат во зависност од почетната брзина 150 [m] на удолница 100 xs1(v) xs2(v) Ha угорница 5 10 почетна брзина 15 [m/s] 20 сопирно време во зависност од почетната брзина 15 [s] 10 ts1(v) ts2(v) Ha удолница Ha угорница 5 10 почетна брзина 15 [m/s] 20 сопирна сила: 20% од тежината на возилото наклон на угорницата/удолницата 6% коефициент на отпорот на воздухот: cx=0,25 Maca на возилото: 1.500 kg челна површина на возилото: 1,5 KB. m“
Посетите Информативни центар о коронавирусу (КОВИД-19) за информације о вакцинама.
Пронађите информације о вакцинама

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You cannot copy content of this page