Минатата година во трката за развивање вакцина против коронавирусот во рекордно време, „Фајзер“ донесе одлука поразлична од другите компании.

За разлика од сите свои ривали кои што кажаа дека ќе се откажат од профитирање на сопствените вакцини во текот на пандемијата на коронавирусот, „Фајзер“ го планираше токму спротивното, пренесува „NYT“.

Компанијата објави колку пари им донесе нивната вакцина

Вакцината им донела приходи од околу 3,5 милијарди долари во првите три месеци од оваа година, што е речиси една четвртина од нивниот вкупен приход, соопштиле од „Фајзер“. Вакцината дефинитивно била нивниот најголем извор на приход.

Тие очекуваат приход од 26 милијарди долари во текот на целата година, со очекувана испорака од 1,6 милијарди дози вакцини, според договорите потпишани до средината на април.

Компанијата не обелоденила колку точно профитирала од вакцината, но ги потврдила своите претходни предвидувања дека нивната профитна мрежа од вакцината ќе бидат високи 20 отсто.

За разлика од „Модерна“, во „Фајзер“ клучната трговија не е вакцината против коронавирусот. Минатата година „Фајзер“ заработил 9,6 милијарди долари, пред вакцината против коронавирусот да има било какво влијание на нејзините резултати, пренесува „NYT“.

Како што се наведува „Фајзер“ исто така мистифицирал многу потези поврзани за профитот од продажбата на своите вакцини.

Така, САД плаќаат околу 19,5 долари за секоја доза од нивната вакцина, додека пак во Израел договориле купопродажба по цена од околу 30 долари по доза.

Во некои случаи, како договорот со ЕУ за продажбата на 1,8 милијарди дози од нивната вакцина, компанијата воопшто не ја открила цената.

Цената за САД е на ниво на вакцината за сезонски грип и значително е поевтина од другите вакцини кои што можат да чинат и по неколку стотици долари.

„Цената не делува висока, па дури и доколку поминете многу време размислувајќи за лековите на рецепт“, вели Стејси Дустезина, вонреден професор по здравствена политика на Универзитетскиот медицински центар Вандербилт и додава дека доколку го погледнете било кој рецепт кој што го пополнувате, тешко дека ќе најдете нешто за 20 долари.

Се очекува до крајот на годината вкупниот приход на „Фајзер“ да биде меѓу 70,5 и 72,5 милијарди долари, во споредба со претходните години кога истиот бил 59,4 милијарди и 61,4 милијарди долари.

Инаку, и акциите на компанијата исто така се зголемиле за 1,3 отсто во електронското тргување пред отворање на берзите на „Вол Стрит“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You cannot copy content of this page