Членови на РМЗО – волонтери
Членови во РМЗО се лица од различни образовни профили кои се занимаваат со радиотехника
од лични побуди, доброволно и без паричен надомест, а притоа тоа не им е професија. По основ на
положен испит и диплома, добиваат овластување – дозвола од Агенцијата за Електронски
Комуникации (АЕК) за користење на радио фрекфенции во аматерска служба. Членовите на РМЗО се
радиоаматери, кои со посебна обука и тренинг се специјализирани за активност во РМЗО.
Во нормални секојдневни услови, радиоаматерските активности опфаќаат остварување на
меѓусебна комуникација на локално ниво или комуникација со радиоаматери од други земји на
глобално ниво. Радиоаматерите се занимаваат со конструкторство и можат сами да конструираат
комуникациска опрема. Вршат технички истражувања и мерења. Радиоаматерите функционираат на
индивидуална основа или се здружуваат во здруженијата на радиоаматерските клубови и
радиоаматери.
Членовите на РМЗО – волонтери, се со различно ниво на спремност и искуство. Заеднички особености кои ги имаат сите членови на РМЗО, се желбата да помогнат без било каква лична добивка и надокнада, способност да работат како дел од тим и што можат без проблем да добиваат
5 инструкции и наредби од лица од службите кои ги координираат активностите. Членовите на РМЗО треба да рамислуваат и реагираат брзо, во стресни ситуации и под притисок на итност.
Никој неможе да помогне на другите, доколку предходно не ги згрижи своите сакани.
Фамилијата и нивната сигурност се секогаш приоритет на членовите на РМЗО. Адекватни персонални
и фамилијарни подготовки ќе овозможат волонтерот да ја има ситуацијата под контрола што
поскоро, како би можел да биде на ниво на задачата која треба да ја превземе.
Во вондредна ситуација, волонтерот треба да земе својата опрема за вондредни ситуации и да
започне со мониторирање на фрекфенциите за вондредни услови. Потребно е волонтерот да оствари
контакт со локалниот координатор за понатамошни инструкции или да се упати на предходно
зададена локација за да ја извршува зацртаната улога, а во зависност од потребите на службите и во
зависност од видот на вондредна состојба, предвидени со планот за радиокомуникации во
вондредни услови.
Што не е и што не треба да прави волонтерот во РМЗО:
− РМЗО волонтерите не се тим за итни интервенции и брзо распоредување. Обично
волонтерот нема да биде прв на местото на настанот и од таа причина не му се
потребни ниту ротациони светла, ниту значки со посебни привилегии.
− при недостаток на кадар на службите со кои соработува РМЗО, волонтерот неможе да
излезе во пресрет со пополнување на празното место. Во најголем број на случаеви
волонтерот не е со соодветен тренинг, па да пристапи во улога на доктор, болничар,пожарникар, кувар или сообраќаен полицаец.
− волонтерот нема да се поставува себеси во командна улога и да поставува барања на
службите. На барање на службите, ќе одговори на најдобар можен начин, за да ја пренесе информацијата.
− во случај на преоптовареност и хаос на фрекфенцијата, нема да се поставува во улога на “полицаец” за да ја смирува ситуацијата. Со тоа ќе предизвика дополнителна збрка.