Поранешен генерал додал дека вонземјаните само “истражуваат” и настојуваат да го сместат човештвото помеѓу “помагачите” во своето тежнеење да ги “сфатат правилата на универзумот”.

Поранешниот шеф на вселенската дивизија на израелската армија Хаим Ешед, тврди дека Тел Авив и Вашингтон ја контактирале “Галактичката федерација” на вонземјани и дека заедно вршат екcперимeнти врз луѓето, но дека човештвото се уште не е подготвено за “вистината” за животот во вселената.

Пензионираниот генерал Хаим Ешед (87), кој бил член на вселенската единица на Министерството за одбрана на Израел речиси три децении, тврди дека постои “вонземјански сојуз”.

-Вонземјаните барале тоа да не се огласува овде, бидејќи човештвото се уште не е подготвено – изјавил Ешед за израелскиот весник “Џудиот ахронот”.

Според неговите зборови, американскиот претседател Доналд Трамп бил на ивица тоа да го дознае, но вонземјаните во Галактичката федерација го спречиле тоа со порака: “Почекајте, прво пуштете духовите да се смират. Не сакаме да имаме масовна хистерија”.

-Сакаат прво да не направат разумни. Чекаа до денес човештвото да еволуира и да ја достигне фазата во која ќе разбереме што е вселена и вселенски бродови – додаде тој.

Иако останало нејасно што точно се променило за да се спречи нивото на “масовна хистерија” на која вонземјаните предупредиле, Ешед очигледно почувствувал дека тоа време пристигнало додавајќи дека не само што комуницирал со вонземјани, туку и дека тие одржуваат “подземна база во длабочините на Марс”.

Во своето најневеројатно тврдење, Ешед изјавил дека американската влада постигнала исклучителен “договор” со посетителите од вселената.

-Потпишаа договор со нас да овде заеднички eкcпepиментираме – изјави не ненедуејќи детали за условите од наводниот меѓупланетарен договор или природата на eкcpеpиментот.

Поранешниот генерал додал дека вонземјаните само “истражуваат” и дека настојуваат човештвото да го сместат помеѓу “помагачите” во своето тежнеење да ги “сфатат правилата на универзумот”. Тој тврди дека, барем засега, нема причина за страв од инвазија на непријателски сили. Ешед признал и дека неговите тврдења, кои ги понудил без доказ, можат да изгледаат необични, но изјавил дека верува дека човештвото постепено ќе ги прифаќа како вистина, со претпоставка дека некои луѓе можеби веќе ja “виделе светлината”.

-Доколку ова го кажев пред пет години, би бил хоспитализиран. Би ми рекле дека сум полудел. Денес веќе разговараат поинаку. Немам што да изгубам. Добив дипломи и награди, почитуван сум на универзитетите во иностранство каде што трендот, исто така се менува – изјавил генералот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ne možete da kopirate sodržina na ovaa stranica žastitena od prezemanje na informacija Adminisrator™