Овој текст го пишуваме со цел лицата што сакаат да ангажираат приватен детектив, да добијат колку што е можно повеќе информации за тоа што работат приватните детективи, со какви истраги се занимаваат, што по завршувањето на истрагата и други прашања поврзани со детективската дејност.Поради начинот на кој живееме, кризата на моралните вредности и другите предизвици во секојдневното живеење и опкружување, се почесто се случува луѓето да се сомневаат или со недоверба да гледаат на лицата кои се блиски до нив и настаните кои се одвиваат во нивното опкружување.За да го ,,симнат,, тој товар од сомнежот, луѓето почнуваат да размислуваат како да го ,,решат,, тоа, со кого да се консултираат за тоа, кој да го контактираат, каде да го пронајдат контактот (со детективот), дали и колку е сигурно односно дали дискрецијата е загарантирана и ред други прашања и дилеми кои ги ,,мачат,, потенцијалните клиенти. Најчесто потенцијалните клиенти првичните информации ги бараат преку социјалните мрежи, по што се одлучуваат да остварат првичен контакт преку телефон или на социјалните мрежи. Поретко, првичните информации ги добиваат од нивно блиско лице кое веќе имало такво искуство односно користело детективски услуги (или од така наречен контакт по препорака од некого). Уште при првиот телефонски разговор со детективот, потенцијалнот клиент може да заклучи за каков детектив се работи (дали е легален или ,,див,, детектив), по тоа што детективот прво ќе инсистира да се потпише Договор за вршење на детективски услуги и Овластување заверено на Нотар (според Законот за вршење на детективска дејност). Потоа да се оствари непосредна физичка средба на која подетално ќе се образложи проблемот и барањето на клиентот, а детективот ќе се легитимира и ќе му даде првични сугестии што и како може да се направи. Дури потоа ако се договорат, може да се прецизира начинот на комуницирање со странката, цената за услугата, начинот на плаќање, начинот на доставување на информациите и податоците од истрагата (писмен извештај и фото и видео документација).Од контактите со детективот, странката може да заклучи дали тој има искуство во прибирање на податоци и информации од семејна, социјална и бизнис свера.За успешна истрага, детективот треба да има искуство во:-физичко следење на лица;-прибирање на сознанија од физички и институционални извори на информации;-прибирање на податоци преку социјалните мрежи за дижењето и контактите на лицата кои се предмет на набљудување;-во откривање на нелојалност на вработени во фирми;-да Ве подготват со информации за разговор со потенцијални бизнис партнери;-да откријат исчезнато лице или ,,стар,, пријател со кого сте ги изгубиле врските;-да пронајде ,,изгубени,, блиски или подалечни роднини во врска со оставинска постапка или слична постапка пред надлежни институции;-семејно насилство, старателство врз деца или други постапки пред институции од социјалната свера.Исто така странките треба да знаат дека не ретко луѓето се склони кон неетичко (криминално) однесување, во принцип од пет фактори:-пари-власт-страст-репутација и -слобода или заштитаПоточно, ако се соочени со загуба на пари или се пред банкрот, луѓето се спремни на неморални, криминални работи.Да си ја сочуваат ,,добрата,, репутација во средината каде живеат или работат, често се спремни ,,на се,,.Не ретко побогатите луѓе сакаат да знаат дали има ,,злонамерни,, лица во нивното опкружување кои се обидуваат да им наштетат или да им го нарушат угледот. Сето тоа колку и да изгледа ,,деликатно,, на прв поглед, добриот детектив може да го открие и да и помогне на странката, но за тоа е потребно знаење, трпение, време и систематичност.Физички и правните лица бараат и други детективски услуги, но за тоа и за некои други аспекти во работењето ке пишуваме во некој нареден текст….. Детективска агенција ДЕГА ДЕТЕКТИВ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ne možete da kopirate sodržina na ovaa stranica žastitena od prezemanje na informacija Adminisrator™