Сите летни бавчи пред кафулињата зимава се практично херметички затворени простории. Ако внатре во кафулињата можеби има некаква вентилација, во овие импровизирани коронарници сигурно нема. Растојание нема, маски нема, ама затоа заразени има, вирусни аеросоли има и Брауново движење исто така има.Чувајте го своето здравје и здравјето на своите блиски, не влегувајте и не седете во овие ризични места. Не дозволувајте властите со своите непромислени одлуки да ве држат во заблуда дека овие опасни места се безбедни, потпрете се на својот здрав разум и задржете научен поглед на светот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ne možete da kopirate sodržina na ovaa stranica žastitena od prezemanje na informacija Adminisrator™