– Прифатени се препораките на Комисијата за заразни болести за нов пакет рестриктивни мерки, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19. Мерката носи име „Празнувај одговорно“, рече Заев на денешната заедничка прес-конференција со министерот Филипче. 

Новиот пакет на рестриктивни мерки кои се однесуваат на периодот од 18 декември до 21 јануари, е со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од ковид 19 во престојниот период на празници, а според него наместо како досега до 21 угостителските објекти ќе работат до 18 часот. 

Останува на сила и забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка. Се препорачува забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година како и секаков вид на собири во периодот на празниците. А се забрануваат и секакви прослави во рамките на работните организации. Останува и апелот да не се излегува од дома без потреба, но сега по 18 часот.

🍽🕕 Угостителските објекти ќе се затвораат во 18 часот, наместо во 21 часот како што беше досега.👥❌ Забрането е организирањето на каков било тип прослави за време на новогодишните празници на отворен и на затворен простор од страна на кои било физички и правни лица и јавни субјекти.Ова се дел од мерките, коишто Владата ги донесе на денешната седница. Целта на новиот пакет рестриктивни мерки, којшто ќе трае во период од 18 декември до 20 јануари, е да се избегне зголемување на бројот на заболени од КОВИД-19 во пристојниот период на празници.Да бидеме одговорни за празниците. #ПразнувајОдговорно!

Ne možete da kopirate sodržina na ovaa stranica žastitena od prezemanje na informacija Adminisrator™