Phishing проблеми

Компјутерските криминалци секогаш бараат нови можности за напад и излегувањето на вработените од компјутерската мрежа на компанијата им дојде како порачана. Новите извештаи укажуваат на значително зголемување на бројот на лажни е-пораки кои тврдат дека донесуваат важни безбедносни ажурирања и наместо тоа, го инфицираат уредот на корисникот со малициозен софтвер. Внимавајте на ваква е-пошта, проверете кој е испраќачот и исправноста на неговата адреса за е-пошта, и ако некој ве замоли да кликнете на непознат линк – добро размислете.

Заклучете ги вашите уреди

Ако работите од дома, вашите деца имаат пристап не само до вас, туку и до вашиот компјутер. Можеби се заинтересирани за она што го прават мама или тато – или само ќе сакаат да прогуглаат нешто забавно. Притоа, тие скоро сигурно не се свесни дека вашиот работен компјутер е поврзан со мрежата на компанијата преку VPN и последиците што ги носи тоа. Затоа, проверете дали работните компјутери и уреди се надвор од дофат на вашите деца.

Печатете безбедно

Ако работите од дома, најверојатно ќе печатите и од дома. Но, вашиот домашен печатач веројатно ги нема сите безбедносни карактеристики како канцелариските печатачи поврзани на компаниската мрежа. Иако само вие и вашето семејство сте дома, ако печатачот е поврзан на Интернет, тој е потенцијално ранлив на надворешни напади. Осигурете се дека вашата мрежа е безбедна и заштитена со лозинка (само да не е „12345“ :)).

Размислете за безбедно уништување на доверливи документи, Исто како што не треба да фрлате цели банкарски извештаи во комунален отпад, не треба да го правите истото со документите на компанијата. Изгорете или на друг начин уништете ги документите што повеќе не ви требаат.

Бидете во тек

Вашата компанија веројатно се грижи за надградби на уредите што ги користите за деловно работење. Бидејќи не сте далеку од мрежата на компанијата, дознајте што е потребно за да ги ажурирате вашите уреди. Можеби ќе треба да го оставите лаптопот вклучен преку ноќ за да добивате антивирусни ажурирања или ажурирања за Windows – вашата компанија ќе ви ги даде овие информации. Ако користите ваши сопствени уреди, не заборавајте да ги ажурирате редовно за да имате најдобра достапна безбедносна заштита.

Ризик од релаксација

Работата од дома може да значи дека ќе бидете лежерно облечени во тренерка или дури пижами, но тоа не значи дека треба да се опуштите кога станува збор за безбедносните практики на вашата компанија. Користете ги само оние апликации, мрежи и алатки што ги нуди вашата организација.
Ако работите од дома, проверете дали имате јасна слика за тоа како, додека седите во удобен двосед, го одржувате истото ниво на безбедност како и во вашата канцеларија.

Ne možete da kopirate sodržina na ovaa stranica žastitena od prezemanje na informacija Adminisrator™