DEC 18, 2020

Јадење во ресторан и домашни вечери со гости играат клучна улога во пренесувањето на коронавирусот и во тој поглед претставуваат поголема опасност од јавниот превоз или одењето по продавници, заклучи истражувањето што го спроведе францускиот институт „Пастер“.

Истражувачите анкетирале 3.400 луѓе кои биле заразени со коронавирус и 1.700 кои не го фатиле, со цел да откријат кои фактори имале улога во тоа. Од заразените, 44% знаеле кој им го пренесол вирусот, а во 35% случаи станувало збор за член на семејството.

Истражувачите утврдиле дека одење во ресторан, бар и теретана е поврзано со зголемен ризик од зараза, за разлика од јавен превоз и влегување во продавници.ПРОМОВИРАНО

„Видовме зголемен ризик поврзан со одење во ресторани и барови. Но, без разлика дали се случуваат на јавен или приватен простор, оброците играат клучна улога во пренесувањето на вирусот, затоа што луѓето седат блиску едни до други и не носат маска. Приватните средби, со роднини или пријатели, се главен извор на зараза. Не прави никаква разлика дали го правите тоа во ресторан или дома“, вели епидемиологот Арно Фонтанет, водач на истражувањето.

Тој додава дека е сепак можно блиски луѓе да се видат за празниците.

„Не се групирајте во голем број и не седете многу луѓе на иста маса“.

Ne možete da kopirate sodržina na ovaa stranica žastitena od prezemanje na informacija Adminisrator™