РАДИОАМАТЕРСКА АСОЦИЈАЦИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НЕКОЛКУ МИНУТИ ПОСЛЕ ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ХРВАТСКА ВОСПОСТАВИ ВРСКА СО КОЛЕГИТЕ РАДИОАМАТЕРИ

Само неколку минути после катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Република Хрватска, радиоаматерите од ХРС- 9A0HRS преку своите радиостаници активираа радиаматерска мрежа за опасност-РМЗО и упатија повик за помош. Радиоаматерите од нашата држава  воспоставија во истиот момент врска со колегите радиоаматери од Хрватска и изразија спремност  да доколку е потребно веднаш ја активират нашата радиоаматерска мрежа за опасност и ги стават своите радиостаници  во функција да и се помогне на Хрватска во услови кога комерцијалните телекомуникациски врски и канали се преоптоварени или не функционират.
Членовите на Радиоаматрска асоцијација о овие критични моменти за Република Хрватска се постојано покрај своите радиостаници и во комуникација со радиоаматерите од Хрватска. РАСМ  е спремна доколку хрватските радиоаматери побарат, личните радиостаници на свои членови да ги отстапат на користење на Радаиоаматерски сојуз на Хрватска за да се обезбеди што побрза и посигурна комуникација помеѓу настраданите подрчја.
Колеги радиоаматери од Хрватска 9A0HRS, сите радиоаматери од Македонија со позивен знак за нашата држава  Z3 во овие мигови се со вас. примите голем поздрав 73.Z36AMB

RASM

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ne možete da kopirate sodržina na ovaa stranica žastitena od prezemanje na informacija Adminisrator™