Уште еден филм кој си го направив оди во оут – од 2021-ва година во казина само како гостин 🙂Во казино не бев играл од 1991-ва година кога на рулет ме изрулетираа многу квалитетно па не припарив до 2016-та кога одлучив да видам дали адреналинот се уште работи кога се во прашање игри на среќа.Одев повремено за забава се до 2020-та кога озбилно решив да пробам дали можам да пронајдам систем кој ке ми овозможи сигурна добивка на месечно ниво.Разговарав со многу луѓе кои што се вработени во електронски казина од менаџери, технички персонал кои што ги сервисираат машините до оние кои што седат во видео надзор.Читав на интернет специјализирани форуми, изгледав многу видео материјали, дискутирав со лица кои што пишуваат алгоритми за вакви игри на среќа.Ме интересираше се во врска со начинот на кој фукционира овој систем.Гледајки ги другите кои играат околу мене но и анализирајки се самиот себе научив многу – научив како треба но уште подобро како не треба да се игра.Слот машините се претворени во видео игри и употребени се знаења и искуства од многу различни области па добиена е технологија која што е донесена до совршенство а конзументите ги наведува следниот чекор што ке го преземат во најголем број случаи да биде во корист на машината.Големо внимание е посветено на секој детал, видео ефектите кога има добивка се празник за очите а аудио ефектите се празник за ушите. Комбинацијата на аудио и видео ефекти го зголемува адреналинот на играчите па… За крај – луѓе не плашете се да одите во електронски казина како место за забава НО плашете се многу ако забавата почне да ви станува зависност бидејки малкумина на ова планета ги поседуваат потребните чувства, знаења, стрпливост и карактер да знаат во секој момент што треба да направат – дали да продолжат со игра или да си одат дома 😉П.С. За 2021-ва имам неколку филмови во главата – кој ке се снима се уште не сум одлучил 🙂

  • 73
Ne možete da kopirate sodržina na ovaa stranica žastitena od prezemanje na informacija Adminisrator™