Со песни, ора и фанфари по сите медиуми контролирани од естаблишментот низ Европа, започна вакцинирањето, кое е претставено како „вакцина спас за нашите животи и иднината не светот“.Не знам до каде ќе оди сево ова, но знам дека дефинитивно слободата на граѓанството (онаа која ја имавме до 2020) е минато, знам дека допрва ќе не контролираат со нови пандемии и нови вакцини во секоја следна година, знам дека сето ова испитување на издржливоста и експеримет со цивилизацијата, успеа.Откога сите видовме, дека лесно се контролира човештвото, сега секој следен чекор ќе е полесен и полесен во секоја насока. Доволно ќе е само да се внесе по некоја од проверените флоскули „за здравјето се работи“ или „за нашите животи се работи“, бла бла бла и секоја нова мерка ќе стане лека полека и законче и уставче со по некој нов збор повеќе како на пример “наука”, “здравје”, “живот”, “иднина” искомбиниран со бројка на “жртви и мртви”. Проверено успешно, досега.Ете, „Квантас“ уште пред еден месец најави дека нема да може да се купува билет без „примена вакцина“, „РајанЕр“ завчера објави летови со попуст со слоганот„ боцни се, па купи билет“, синоќа и Малта (се` уште неофицијално) најави дека за летово ќе воведе „вакцински пасош“ па само со него ќе може да се патува на островот, а и врапчињата веќе знаат дека допрва (по нова година) ќе читаме за уште поригорозни мерки и обврски „за нашето здравје“.А тоа дека „вакцината е незадолжителна“ можете и понатаму да го користите како флоскула, која можете да си ја испечатите на лист хартија и да си ја закачите во ВЦ, онака од ќеиф, во ќенеф.Епа дечки и девојки, нека ви е честито новиот свет во кој влегуваме за 3 дена, официјално…Веќе нема да е ништо исто, животот онлајн добива на сила и зема убав залет, а ќе се запознаваме со него и учиме како треба да живееме, во од, лека – полека…

Ne možete da kopirate sodržina na ovaa stranica žastitena od prezemanje na informacija Adminisrator™