Ако дозволат временските прилики, во јануари ќе имаме можност да го видиме Меркур после зајдисонце. Подолу е прикажана таблицата-ефемерида, а во црвената рамка се најдобрите датуми и времиња за набљудување. Максимално раздвојување од Сонцето (Solar Separation) ќе има на 24 јануари, а најголема висина над хоризонтот (за набљудувачи од Битола) на 26 и 27 јануари, но фазата (осветленоста на дискот) ќе му биде помала од 50% и сјајноста ќе опаѓа. Од 22 до 24 јануари ќе има поголема фаза и сјај, но за жал ќе биде пониско над хоризонтот и поблиску до Сонцето.Можеби 24/25 јануари ќе бидат најпогодни за набљудање. Сите времиња се локални (UTC+1), поглед во насока на зајдисонцето, ниско над хоризонтот.

19Petkovski Bobi и још 18

Ne možete da kopirate sodržina na ovaa stranica žastitena od prezemanje na informacija Adminisrator™