Не знам дали ве интересира економијата, …но ова мора да го прочитате….Во март, пороен дожд паѓа во едно мало гратче и по неколку дена градот се чини пуст.Кризата го мачи ова место веќе подолго време, сите се во долгови и живеат на кредит.За среќа, пристигнува милионер со многу пари и влегува во единствениот мал хотел на самото место, бара соба, става на банкнота од 100 евра на масата за прием и оди да ги разгледува собите.- Менаџерот на хотелот ги зема парите и трча да ги плати своите долгови со:- Касапот.Овој ги зема 100-те евра и трча да го плати неговиот долг со:- Одгледувачот на свињи.Вториот ја зема банкнотата и трча да го плати долгот со:- Добавувач на добиточна храна за свињи.Сопственикот на мелницата веднаш ги зема 100’те евра и трча да го плати својот долг со:- Лиле, проститутката која ја нема платено долго време, која во време на криза, дури нуди и услуги на кредит …Проститутката со банкнотата во рака заминува за:- Малиот хотел, каде што последните неколку пати ги носеше своите клиенти и сè уште нема платено и му дава 100 евра:- На сопственикот на хотелот.Во истиот момент се спушта милионерот кој само што погледна во собите, вели дека не е убеден во собите, си ги зема 100-те евра и си заминува.„Никој не заработи ни евро, но сега целиот град живее без долгови и со сигурност гледа кон иднината“ !!!МОРАЛНА ЛЕКЦИЈА:АКО ПАРИТЕ ЦИРКУЛИРААТ ВО ЛОКАЛНАТА ЕКОНОМИЈА, КРИЗАТА ЌЕ СЕ НАМАЛИ ИЛИ ЌЕ ЗАВРШИ.

Ние мора да консумираме повеќе во малите маалски продавници и пазари- Консумирајте го она што го произведуваат вашите пријатели во вашата земја !!!- Ако вашиот пријател има микро бизнис, купете ги неговите производи!- Ако вашиот пријател продава облека, купете ја!- Ако вашиот пријател продава чевли, купете ги!- Ако вашиот пријател продава бонбони, купете!- Ако вашиот пријател е сметководител, одете по совет!На крајот на денот, најголемиот дел од парите ги собираат големите корпорации и што мислите? Тие ја напуштаат земјата! Но, кога купувате од локален претприемач, мал или среден бизнис или ваши пријатели, им помагате, така сите ние победуваме и придонесуваме за нашата економија.

Ne možete da kopirate sodržina na ovaa stranica žastitena od prezemanje na informacija Adminisrator™