Adminisrator™

Започнуваме нова ера на соработката

Rate this Entry
За интегриран и поврзан регион како европска вредност. Денеска во Скопје се одржува Економскиот форум за регионална соработка, со претставници на преку 350 компании од Албанија, Србија и Северна Македонија и уште стотина претставници на стопанските комори и на деловните заедници од Западен Балкан и регионот.

Нашата политичка волја, на претседателот Вучиќ, на премиерот Рама и мојата, е израз на максималната посветеност да ги обезбедиме сите услови што зависат од Владите на за ефикасна регионална соработка, за добробит на нашите народи, за изградба на заедничка економија, за развој на регионот, за подобар живот на секој еден наш граѓанин.

Ние сме посветени повеќе од кога било на спроведувањето на четирите слободи на ЕУ - Слобода на движење на луѓе, добра, капитал и услуги. Го слушнавме апелот на бизнисмените од целиот регион и ги започнавме постапките за намалување или отстранување на административните процедури, таму каде што е тоа можно. За остварување на овие слободи, ќе бидат потпишани еден договор и два меморандума за соработка.

Нашите земји имаат огромен потенцијал за одржлив раст и развој. Со регионално усогласување на политиките за инвестиции и подобра и координирана промоција, ќе ги направиме видливи потенцијалите на економиите на земјите од регионот, за да ја зголемат нивната привлечност за странско директно инвестирање.

Самостојно покажуваме политичко лидерство и грижа за унапредување на соработката. Ова е автентичен, заеднички процес на Северна Македонија, Албанија и Србија, но уште од стартот рековме дека иницијативата е отворена за СИТЕ земји од Западен Балкан. Ги покануваме и охрабруваме и останатите колеги да се придружат. Заради нашите народи. Сите сме Балкан, сите сме европски Балкан.


















[COLOR=var(--primary-text-on-media)]+4[/COLOR]











[COLOR=var(--secondary-text)]
[COLOR=var(--secondary-text)]а


[COLOR=var(--secondary-text)]42 дељења[/COLOR]


[/COLOR]


[/COLOR]


Kategorije
NEWS

Comments